Британија крие податоци за вакцините за ковид и смртните случаи

Британска агенција за надзор на јавното здравје крие клучни податоци што може да ја поврзат вакцината за ковид со зголемување на бројот на смртни случаи. Немала проблем да им ги испрати на фармацевтските компании, но се плаши да ги сподели со граѓаните „за да не создаде отпор против безбедноста на вакцините“. Со вакво образложение создава бес и кај скептиците.

Група британски пратеници од повеќе партии уште лани изразиле загриженост поради зголемувањето на бројот на смртни случаи во Обединетото Кралство по 2020 година. Во писмо до агенцијата UKHSA и Министерството за здравство, пратениците побараа да бидат датумите на вакцинирање за починатите лица, за да може да се анализира дали имунизацијата имала влијание врз зголемената смртност. На иницијативата се придружи граѓанското здружение UsForThem.

Агенцијата веќе им испратила мапирани извештаи за смртните случаи на фармацевтските компании и нема никаква причина да ги сподели податоците со јавноста, внимавајќи на анономноста на починатите, наведуваат пратениците.

UKHSA упорно одбива да го стори тоа, правдајќи се со разни аргументи, вклучувајќи го и стравувањето дека „извештајот може да предизвика бран дезинформации што би имало негативно влијание врз ставот на јавноста кон ефикасноста од вакцините“. По двегодишна правна битка, Комесарот за информации пресуди во полза на Агенцијата.

За Бен Кингсли, правниот директор на UsForThem, пристапот на Владата наликува на скандалот со заразена крв, во кој илјадници луѓе се заразиле со ХИВ и хепатитис Ц од контаминирани крвни производи.

Воопшто не знаеме дали податоците ќе откријат некаква корелација, а камоли причинско-последична врска, но тие очајно сакаат да избегнат да одговорат. Начинот на кој UKHSA го решила случајот може само да поттикне шпекулации зошто овие податоци не треба, во која било форма, да ја видат светлината на денот. Тоа говори дека не е напуштен наративот од времето на пандемијата - правете го она што го кажуваме, не поставувајте никакви прашања, ние знаеме што е најдобро за вас, вели Кингсли.

Партијата Реформ УК, која сега има највисок рејтинг во Британија, презеде обврска, ако дојде на власт, да спроведе јавна истрага за причините за зголемената стапка на смртни случаи и за потенцијалното влијание на вакцините.

UKHSA е вклучена во скандалозно прикривање на информации. Какво општество сме ако не сме подготвени да извлечеме лекции од причините поради кои луѓето умираат?, прашува Ричард Тајс, потпретседател на реформистите.

17 ноември 2025 - 16:01