Денови на Мика Антиќ

„Ти си мој начин на топло"

На 14. март беа одбележани 80 години од раѓањето на поетот, режисер, сликар и новинар Мирослав Мика Антиќ, уште познат и по антологиската боемска - „Чика Јова деци, чика Мика Антиќ два деци". Во Културниот центар на Нови сад во тек се „Деновите на Антиќ". Ние се придружуваме на одбележувањето на годишнината со една пролетно љубовна, и топла.

КРОЈКА

Ќе ја украдам твојата сенка,
ќе ја облечам на себе
и ќе ја покажувам на сите.
Ќе бидеш мој начин на облекување
на сето нежно и тајно.

Па и тогаш, кога ќе дотраеш,
целата парталава, избледена
нема да те симнувам од себе,
врз мене ќе се распаднеш.

Затоа што си единствен начин
да ја покријам голотијата
на оваа детска душа,
и да не се срамам повеќе
пред растенијата и пред птиците.

На искинатите места
заедно ќе плачеме
Ќе те зашијам со ветер.
После, знам, ќе ја помешам
мојата кожа со твојата.

Не знам дали ме сфаќаш -
тоа не е проникнување,
тоа е измивање со тебе.

Љубовта е чистење со некого.
Љубовта е нечиј мирис,
сиот исткаен врз нас,
со фантазија тетовирање.

Еве, паѓа мрак
и светот станува постуден.
Ти си мој начин на топло.
Ќе те облечам на себе,
за вака накиснат
да не настинам од студот
на мојот страв, и на мојата осама.

Мирослав Мика Антиќ

 

16 март 2012 - 18:05