Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Зборовита долина“ - бесплатна едукативна онлајн-игра на македонски јазик

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Играта е наменета за учениците од петто до деветто одделение. Нејзината цел е преку интерактивни предизвици да им помогне на децата да го усовршуваат познавањето на македонскиот јазик. Содржините се поделени во шест области: азбука, правопис, граматика, акцент, лексика и читање. Учениците ги препознаваат буквите според нивниот глас, ги поправаат правописните грешки, вежбаат граматички категории, го утврдуваат акцентирањето, откриваат значења и синоними и одговараат на прашања поврзани со кратки приказни.
  • Точните одговори носат ѕвезди што потоа можат да се користат во дополнителни игри: флипер, трка низ порти со точни одговори, погодување зборови пред да пукнат балоните, дневен крстозбор и дуели во живо со други играчи. На тој начин, јазичните знаења се претвораат во игра, натпревар и мотив за постојано напредување. Дел од активностите се осмислени и за заедничко учество на учениците во одделението, со задачи по теми, предизвици и турнири.
  • „Зборовита долина“ е замислена како безбедна дигитална средина за деца: играњето е бесплатно, не бара задолжителна регистрација, нема реклами и купување, а учениците користат прекар и маскота наместо вистинско име и фотографија. Нема ниту можност за меѓусебно испраќање пораки. Дополнителна практична предност е што, откако еднаш ќе се отвори со интернет, играта може да се користи и офлајн. 

Пробајте на линкот. 

извор

100 книги на 2026 според Њујорк Тајмс

25 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Њујорк Тајмс објави листа на 100 забележителни книги на годината што полека изминува. Подолу неколку поенти што зборуваат за издавачките тенденции од 2026, барем во англиското говорно подрачје.
  • Белетристиката и понатаму е центарот на книжевниот престиж, но сè помалку е затворена во сопствените жанровски граници. Во изборот се наоѓаат романи како „Американски хагвон“ (хагвон е вид приватно училиште во Кореја) на Мин Џин Ли, „Оние што исчезнуваат“ на Марлон Џејмс (беше во финалето за Букер), „Канон“ на Пејџ Луис и „Џон, синот на Џон“ на Даглас Стјуарт (исто така во финалето за Букер). Станува збор за автори и дела што ја третираат фикцијата како простор за истражување на општеството, историјата, идентитетот и човечките односи. 
  • Жанровската литература повеќе не е периферија на сериозното издаваштво. Во изборот има романса (Star Shipped), хорор (Off the Reservation) и научна фантастика (Earth 7). Границата меѓу комерцијалната и таканаречената книжевна литература станува попропустлива. Издавачите и критичарите сè повеќе прифаќаат дека жанровската книга може да биде и уметнички амбициозна и општествено релевантна.
  • Нефикцијата станува начин да се чита и разбере современиот свет. Меѓу издвоените наслови се наоѓаат книги за политичката моќ, расизмот, насилството, социјалните нееднаквости, личната историја и колективната меморија. На пример, „Страв и бес“ на Хедер Ен Томпсон се занимава со политичката историја на осумдесеттите во САД, „Лондон повикува“ на Патрик Раден Киф ја реконструира смртта на еден млад човек во лондонското подземје, а „Странци“ на Бел Бурден е мемоар за лична и семејна криза.
извор

„Женски поглед“ - петти Фестивал на грчкиот филм во Скопје

23 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје ќе се одржи од 25 до 27 ноември во Кинотека, со програма посветена на жените режисерки и нивниот придонес во филмската уметност. Под мотото „Женски поглед: Филм по нејзина мерка“, публиката ќе може да проследи три долгометражни и два кратки филма, а во рамките на фестивалот ќе се одржи и панел-дискусија за жените, Балканот и филмот.
  • Програмата ги поврзува современото грчко филмско творештво и филмските дела од различни периоди, отворајќи простор за приказни што ги преиспитуваат родовите претстави, општествените очекувања и вообичаените начини на раскажување.
  • Фестивалот започнува на 25 ноември (среда) во 19 часот со филмот „Titanic Ocean“ на грчката режисерка Константина Коѕамани. Свеченото отворање е најавено за 18:30 часот, а по проекцијата е предвиден разговор со режисерката. „Titanic Ocean“, долгометражно остварување од 2026 година, ја следи 17-годишната Акаме во јапонски интернат каде што тинејџерки се обучуваат да станат професионални сирени. Приказната ги спојува тинејџерското созревање, романтиката и фантастичните елементи, истражувајќи ги идентитетот, желбата и личната преобразба. Филмот е копродукција на Грција, Германија, Романија, Франција, Шпанија и Јапонија и трае 130 минути. Целосната програма е достапна тука. 
  • Покрај филмските проекции, на 26 ноември во 11 часот, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, ќе се одржи панел-дискусијата „Жените, Балканот и филмската уметност“. На неа ќе учествуваат режисерките Константина Коѕамани, Марија Апчевска и Косара Митиќ, како и професорките Бети Какламаниду и Ана Опачиќ. Модераторка ќе биде Кристина Леловац. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
2

„Македонци претерали“

3

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
4

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

5

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
6

Дивјачки сцени во Марсеј, жена јадеше боксови

Навивачи
7

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

8

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
1

Како барале правда жените пред 1.500 години?

Bookbox
2

Иронијата на првиот „Блек фрајдеј“ - кога петокот за некого бил навистина црн

Bookbox
3

Букбокс гледаше на Фестивалот на грчки филм: „Ева“ (1953) или првиот филм на грчка режисерка

Гледанка
4

Пирамида на мртвите: споменик во кој секој може да остави дел од себе (буквално)

Bookbox
5

100 книги на 2026 според Њујорк Тајмс

6

Се фрлил од Ајфеловата за да тестира свој изум. Спојлер: не работел.

Bookbox
7

Во новата GTА6 може да ограбиш банка, ама и да набљудуваш птици

Bookbox
8

Овој пат победниците на Венецијанското биенале ги избра публиката: награди за Ник Кејв (не тој, друг) и павилјонот на Индија

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

„ЈАС СУМ ЏЕНИ“ од Џени Кетчам

Џон Пилгер: Стивнување на јагнињата

Дојчланд убер Алах

За суштината

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy