Дивјачки сцени во Марсеј, жена јадеше боксови

Вкупно 11 навивачи на Левски Софија се повредени, од кои петмина завршиле во болница, по жестоките судири пред вчерашниот натпревар од Лигата на Европа против Олимпик Марсеј на стадионот Велодром, кој заврши со победа на домаќините од 1-0. 

На 10 минути пред почетокот на средбата, стотици маскирани навивачи на Марсеј упаднале во трибината на гостите каде имало околу 500 навивачи.

Во судирите биле користени метални шипки, палки, ножеви, факели и разни тврди предмети, додека обезбедувањето и полицијата со задоцнување успеале да ја смират ситуацијата. Иако натпреварот започнал навреме, инциденти имало и за време на полувремето.

Петмина бугарски навивачи биле пренесени во болница со повреди на окото, траума на главата и изместено рамо, а уште шест лица биле згрижени на лице место.

Од Левски Софија официјално ја известија УЕФА и ги обвинија домаќините за сериозни пропусти во организацијата, иако претходно предупредиле на ризикот. Додека од Марсеј најавија внатрешна истрага во соработка со полицијата.

На видеоснимките се гледа како хулиганите на Олимпик Марсеј тепаат и жена, а двајца бугарски навивачи се обидуваат да ја заштитат од насилниците кои заслужуваат доживотна забрана за одење на стадион. Какви морони.

27 ноември 2026 - 09:30