Како што ни кажуваат сите, од Би Би Си, Меил и Гардијан, Сириза се орда радикали, револуционери и екстремисти. Не биле централно туку крајно леви. Во ваквата бизарна инверзија на реалноста, оние кои доведоа до масовна невработеност, ширење на сиромаштијата и урнисување на јавното здравје - вклучувајќи ХИВ, туберкулоза и маларија - одеднаш се умерени и центристи. Треба ли посилен доказ дека целата политичка дебата е изместена на десно?
На крајот на краиштата, што е "екстремно" да обезбедиш струја и бонови за храна за 300.000 грчки семејства кои живеат под прагот сиромаштијата? "Што е "револуционерно" ако сакаш да преговараш за реструктуирање на надуениот и во основа неплатлив долг? Дали е "радикално"да ги опишеш - како што тоа Ципрас го направи - последниве пет години од немилосрдно штедење во кое стапката на самоубиства се покачи за 43 проценти како "понижувачки и страдалнички"? Или да ги опишеш мерките на европската Тројка - како што тоа го стори Варуфакис - како финансиски вотербординг?
Нека не ве лаже спинот "крајна левица". Програмата на Сириза за должничко олабавување, фискални стимулации и финансиска поддршка на најсиромашните а не на најбогатите е меинстрим макроекономика. Оваа партија планира да го направи она што го пишува во учебниците.
Не мора мене да ми верувате. Два дена пред изборите, 18 еминентни економисти (меѓу кои двајца нобеловци, професор од Оксфорд и поранешен челник на Банката на Англија), напишаа заедничко писмо во Фајненшел Тајмс во кое велат дека економската стабилност во Грција може да биде постигната со развој и зголемена ефикасност во прибирањето на даноците а не со кратења на јавните трошоци кои ја намалуваат приходната база и водат кон влошување на должничкото досие.
Видете, не дека на Грците одеднаш им текнало да го прифатат Марскизмот. Не, тие се револтираа од лудилата на нео-либералната екомонија и се побунијљ против екстремистите во Брисел и Берлин кои им ги наметнаа мерките. Единствениот "шок" е што на Грците им требаше толку време за да застанат против ваквиот фискален садизам.
"Надежта стигна", победносно објави Ципрас на 25-ти јануари. Разумни луѓе во Грција кои јасно биле против мерките на Брисел сега се задоволни но истовремено и страхуваат дека "надежите некогаш создаваат илузии".
Мехди Хаса, соработник на New Statemаn и политички уредник во англиската филијала на Хафингтон.