Таг: Сириза

Ако ја сакате Грција, помогнете да се спасиме од Ципрас

Повикот за што поскоро раскрстување „со премиерот и партијата што го издадоа својот народ и своите принципи“ објавен во Гардијан доаѓа од Зои Константопулу поранешна претседателка на грчкиот парламент која на позицијата доаѓа токму како пратеник на Сириза.

"Стегањето на каишот" е класна војна

Американскиот интелектуалец смета дека официјалната политика на европската тројка е продолжување на класната војна со други средства и предупреди дека опасноста од претераното притискање на левичарите на Сириза е јакнење на десничарите од Златна зора.

Еуклид Цакалотос - грчко-британски марксист и лев аристократ

Признаваме дека кожните јакни и мускулестото торзо на Варуфакис веќе ни недостасува (*ова го пишува женскиот дел од офф.нет). Ама и биографијата на новиот грчки Министер за финансии не е за потценување. Меѓу другото има напишано и шест книги. Каде ги вадат бе вакви интересни?

Грчките медиуми се дел од проблемот

Плукачкиот сензационализам на грчките медиуми не им помага на граѓаните туку само ги бетонира стереотипите кои лесно се продаваат. Од друга страна, дивеењето кај приватните медиуми нема соодветна контратежа на јавната сцена бидејќи пред две години државата го укина јавниот дифузер.

Нека не ве плашат, Сириза не e никаква "крајна левица"

По медиумската хистерија која ги слeдеше грчките избори, човек може да помисли дека во Атина на власт дошло чедо на Маркс и Че Гевара. Но, тоа што се побунија против нео-либералните перверзии, не значи дека Грците одеднаш станаа марксисти, проценува политички уредник во Хафингтон. 

Отворено писмо на Ципрас до Германците

Две недели пред да мораа да го земат за озбилно, новиот грчки премиер пиша отворено писмо до германската јавност. "Има работи што никогаш не ви ги кажале за Грција", им порачува Ципрас на читателите на Ханделсблат.

9 причини зошто грчкиот експеримент со левицата нема да успее

Фрустрираните и гневни Грци убедливо ги избраа Сириза, но Ципрас и Варуфакис сега ќе мора да се судрат со Ангела Меркел и претпазливите и конзервативни плаќачи на данок во Германија. Тоа ќе биде битка на вољи а сите сигнали велат дека првиве нема да успеат, пишува Индипендент.

Радикалниот економист кој стана грчки министер за економија

Ципрас за нов грчки министер за економија, што повлекува и позиција на главен преговарач со меѓународните кредитори, го избра економистот кој себе си се нарекува "случаен економист" а програмите за штедење ги опиша како "фискален вотербординг" - Јанис Варуфакис.

Најопасниот човек во Европа

Можеби темата на текстов и не е баш за Букбокс, но тој е одлично напишан, а темата е важна, и за Европа и за нас. Симпатичниот 37-годишник Алексис Ципрас делува како потомок на силната грчка левица која некогаш мораше од егзил да го води својот отпор против диктатурата.