ПОПУЛАРНОСТА НЕ ЗНАЧИ НИШТО
Или барем не значи во суровиот свет на меѓународните финансии. Кога ќе се отворат вистинските проблеми, сеедно е дали Владата победила со 35% или со 65% од гласовите на општите избори. Ако должиш пари, треба да ги вратиш, како што веќе претходно си се договорил. Алксис Ципрас и неговиот кабинет набргу ќе бидат потсетени на тоа.
АКО ГРЦИЈА ДОБИЕ ОТПИС НА ДОЛГОВИТЕ, СИТЕ ЌЕ БАРААТ ИСТ ТРЕТМАН
Ако на Грција ѝ биде простено, во цела Европа ќе има избори на кои ќе победат домашни партии која ќе им ветат на гласачите "ниту можеме, ниту сакаме да плаќаме." На тој начин, цела ЕУ наскоро ќе биде водена од влади кои не ги признаваат своите обврски.
ОТРПНАТОСТ НА ГРЦИ КОИ СЕ ЖАЛАТ НА ДОЛГОВИ
Пред неколку години, во акутната фаза на тековната криза во еврозоната, идејата за излегување на Грција беше шокантна и се поврзуваше со дестабилизација на глобалниот финансиски пазар. ДенеС, навикнати сме на таа идеја а пазарите се посмирени. Шок факторот исчезна а веројатноста грчката криза туку така да се прелее во Италија, Шпанија и Португалија е малку веројатна.
ГРЦИТЕ НЕМААТ ПРЕГОВАРАЧКА МОЌ
Ако не можат да ги уплашат Германците дека ќе го дестабилизираат целиот европски проект, тие немаат ништо друго во ракав.
ГРЦИЈА МОЖЕ ДА ПОСТОИ И БЕЗ ЕВРОТО
Таквиот исход ќе донесе дополнителни тешкотии, но можеби еден ден ќе ја искористат слободата со помош на сопствена валута да изградат поконкурентна економија. За Британија тоа даде резултати. Се разбира, во случај на нова драхма, на грчките долгови (во евра) веднаш ќе им порасне цената.
ДУРИ И КОМПЛЕТНО ДА ИМ ГО ОТПИШАТ ДОЛГОТ, НАСКОРО ЌЕ ЗАПОЧНАТ СОСЕМА ИСТА ПРИКАЗНА
Оваа точка има фундаментално значење. Грција живееше над своите можности уште од воведувањето на еврото; користење евтини кредити на име на силната валута подржана од Германија. Грците имаа една луда и долга журка и сè уште се мамурни од неа. На повидок нема реформи кои би нè увериле дека Грците ќе се навикнат да живеат од тоа што го заработуваат. Сириза нема никаков план да ја направи економијата конкурентна ниту во однос на словачката или полската, а не па со корејската или кинеската.
НА ГЕРМАНЦИТЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА
Тие и онака беа претпазливи кон еврото, заради кое мораа да се откажат од својата славна и сакана марка. Денес, даночните обврзници во Германија се сè повеќе претпазливи кон идејата за спасување на она што го нарекуваат мрзеливи јужњаци. Со право страхуваат дека печатењето пари ќе ја запали инфлацијата со која имаат историски трауми уште од 1923 година. Во меѓувреме, десничарите јакнат.
ГЕРМАНЦИТЕ НЕМААТ БЕЗБРОЈ ПОЈАСИ ЗА СПАСУВАЊЕ
Пред неколку години, кога кризата во евро-зоната удри најсилно, Германија растеше моќно и стабилно. Тоа веќе не е случај; економијата лизга кон дефлација, намален е извозот кон големата Кина. И да сака, Германија не може да ги спасува сите, имајќи ги крај себе само Финците и Данците од солвентната страна на еврозоната.
ЕУ СИ ГО САКА СВОЈОТ КОМФОР
Исто како Белгијанците на чоколадо и пралини, политичкиот Брисел е навикнат на политички комодитет. Во овој случај, тоа ќе значи дека ЕУ ќе успее да постигне некаков нов договор со Грците, но, тоа ќе биде од козметичка природа. Брисел ќе си го спаси образот, Грција нема да биде отпуштена а нивниот премиер ќе прогласи историска победа.
Во таков случај, види точка број 6.
**********************
БОНУС
Како глуп читател од Македонија толкува текст од британски Indеpendent: