Во основа, тие што ќе успеат да станат без никаква помош ќе живеат подолго околу луѓето на кои им треба помош за станување. Оние кои во станувањето се помагаат со колена или раце имаат 6 пати поголеми шанси да умрат предвремено.
Според докторите од Клинимекс клиниката од Рио Де Женеиро, леснотијата со која некој станува од подот е директно поврзана со намалениот ризик за предвремена смрт.
Дури и кога ќе се земат во предвид возраста, полот и БМИ, тестот со седнувањето и станување се покажало дека може независно да ја предвиди веројатноста да умреш од која било причина.
Во тестот учествувале 2.000 мажи и жени, на возраст од 51 до 80 години. По завршувањето на тестот, учесниците биле следени нешто повеќе од 6 години. Во овој период починале 159 учесници, од кој мнозинството биле од групата со слаби резултати. Само двајца од починатите биле лица кои успеале да соберат 10 поени на тестот.
Нашата редакција доброволно реши да го проба тестот. Резултатите се вакви: во догледно време, само Небојша (веб дизајн) и половично Јумбо од спортска (пошто мислиме дека со превара стана), ќе ви бидат на располагање.