ГТА6: Симулација на папучар

Она што веќе го нема во новата верзија на Grand Theft Auto а она што е додадено во неа доста зборува за тоа како е светот променет во оние 13 години кога се чекаше шестото издание за кое биле инвестирани можеби и две милијарди долари. Главниот лик веќе не може да набави проститутка ама затоа може да го кречи станот на девојката.    

Grand Theft Auto VI се појави во продажба после долги 13 години чекање и донесе оценка од 99 на Метакритик, највисоката оценка што страницата некогаш ѝ дала на игра.

Околу 150 критичари се изјаснија, ниту една рецензија не беше мешана или негативна. Но, има и поинакви гледања: популарниот стример на Твич, Асмонголд, ја нарече „симулатор на папучар“.

Главната машка улога во играта, Џејсон Дувал, може да извршува дополнителни задачи за својата девојка и партнерка во криминалот, Лусија Каминос: да пазари, да купува цвеќе и да помага во преуредувањето на нејзиниот стан a сега може и да ја држи за рака. 

И да поправа по дома, додева оваа зановета.

„Морав со неа да гледам глупо ТВ шоу, да ѝ масирам нозете и да слушам приказни на нејзините пријатели за Снепчет... Морам ли тампони да ѝ купам?“, праша Асмонголд.

Друг стример мисли дека ГТА6 намерно ги обучува мажите за вештини потребни да бидат подобри дечки.

За прв пат од ГТА3 во 2001 година, играчите не можат да набават проститутка. Исчезнаа и беснеењето и неограниченото носење оружје. Џејсон и Лусија не можат да имаат романса и нема шанси да раскинат.

Сепак, најсподелувана поплака е онаа од погоре:

„Курвите ги нема!“

Се чини дека Џејсон и Лусија веќе не смеат да вадат оружје во геј и ЛГБТ барови а некои рецензии откриваат дека не смеат ни да напаѓаат улични демонстранти. 

Авиони не експлодираат.
Демонстранти не можат да бидат убиени.
Лусија не може да биде преварена.
Проститутки не можат да бидат најмени.
Ова треба да се нарече Grand Theft Freedom бидејќи се чини дека има повеќе работи што не можете да ги направите отколку што можете. 
@Cryaboutitnpc

21 ноември 2026 - 09:38