Со децении, психолозите се обидуваат да најдат начин да го измерат „дивергентното размислување“, способноста за давање оригинални решенија за отворен проблем, на пример да се смислат што е можно повеќе необични употреби на секојдневен предмет како цигла.
Ваквите тестови долго време имаат место во образованието за надарени деца, со цел да се откријат способности што не се појавуваат на класичните IQ тестови. Истражувања нудат аргументи дека училиштата треба да го негуваат креативното размислување кај сите деца, не само кај исклучителните.
Нов тест психолошки тест соочил деца со дилема: дали да „платат“ за да им се открие скриен мистериозен предмет или да ја задржат наградата која претходно ја стекнале со извршување одредена задача. Дури 87% прифатиле да се откажат барем од дел од наградата за да ја задоволат љубопитноста.
„Тестот со мистерија“, објавен во август во научното списание Journal of Experimental Child Psychology, е дел од нова генерација експерименти дизајнирани да вреднуваат ментални квалитети. Авторката, психологот Келси Лука од Државниот универзитет во Аризона, е убедена дека образованието мора да се реформира за да ги подготви децата како да реагираат на проблеми за кои тие сè уште не знаат дека постојат.

Психолозите веќе прават разлика помеѓу различни видови љубопитност. Една е заснована на „интерес“ – задоволството од откривање нешто ново, а друга на „недостаток“ – внатрешен нагон да се открие одговор за нешто што е пропуштено. Клучно е како детето се справува со неизвесноста.
Треба да се чувствувате пријатно со непознатото и да ѝ се препуштите на неизвесноста. Ако им се помогне на децата да се чувствуваат пријатно во ситуација кога нешто не знаат, и ако се охрабрат да истражуваат наместо да се повлечат, тоа може да ја зголеми нивната љубопитност и интересот за одредени работи, заклучува професорката.
Американскиот образовен систем е поставен на добро познатите основи: читање, пишување и математика. Голем дел од луѓето кои денес раководат со некои од најважните технолошки компании - како Илон Маск, Демис Хасабис или Сундар Пичаи - своите училишни години ги поминале надвор од овој систем.
Америка е одлична земја за да бидете талентирани, креативни и иновативни. Но, не е одлична земја за да научите како да го постигнете тоа, укажува професорот Џонатан Плакер од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Ариел Калил, професорка на Универзитетот во Чикаго, истакнува дека љубопитноста и креативноста често се третираат само како „пожелни додатоци“ откако ќе се совладаат основите. Таа тврди дека дека тој однос е поставен наопаку: љубопитноста го привлекува детето кон книгата, креативноста ги поврзува идеите на нови начини додека детето чита, а критичкото размислување поставува прашања дали тие идеи се вклопуваат една со друга.
Не мора постојано да го знаете точниот одговор. Поентата е да бидете полни со имагинација, да размислувате и да чувствувате љубопитност кон светот, вели Калил.