- Македонија им се придружи на САД и Израел, гласајќи против резолуцијата на ОН со која се потврдува поддршката за УНРВА – агенцијата на ОН која обезбедува помош за палестинските бегалци.
- Резолуцијата доби огромна поддршка од 155 земји во Генералното собрание на Обединетите нации. Воздржани биле 20 земји, од кои 10 се од Европа.
- Против гласале само 9 земји: САД, Израел, Аргентина, Парагвај, Фиџи, Палау, Тонга, Микронезија и Македонија.
- Македонија пред една недела беше меѓу 53-те членки на Генералното собрание на ОН што се приклони кон САД и Израел во гласањето ПРОТИВ резолуцијата за борба против величање на нацизмот и неонацизмот, а претходно гласаше и ПРОТИВ укинување на економското ембарго воведено против Куба.
- По 13 години чекање, глобалниот феномен GTA 6 конечно пристигна, предизвикувајќи лудило кај играчите ширум светот кои ги одбројуваа секундите до полноќ како за Нова Година.
- Играта има неверојатен резултат од 99 на Metacritic.
- Според релевантни податоци за работниот персонал, барањата за одмор во Германија скокнале за 38 проценти, а користењето на прекувремени часови за дури 58 проценти.
- Во развојот на играта се инвестирани 1,5 милијарди долари, биле ангажирани преку 5.000 лица а веќе ги сруши претходните рекорди за нарачка.
- Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз малцинското население Рохинџи. Пресудата донесена од совет составен од 15 судии од целиот свет е прв случај во кој некоја држава е прогласена за виновна за геноцид. Девет судии ги оцениле злосторствата како геноцид, а шест гласале против.
- Во 2017 година, во воена операција во Мјанмар беа убиени илјадници припадници на будистичкото малцинство, а повеќе од 700.000 беа принудени да побегнат во Бангладеш.
- „Постои основан заклучок оти безбедносните сили на Мјанмар дејствувале со геноцидна намера, и дека Мјанмар имал намера да уништи значителен дел од населението Рохинџи“, изјави судијата Јуџи Ивасава.
- Судот, исто така, утврди дека Мјанмар ја прекршил својата обврска да спречи геноцид извршен од поединци и од безбедносните сили. Одговорен е и за обемно уништување на докази преку палење на телата или со булдожери, со што е попречена секаква ефективна истрага.
- Меѓународниот суд на правдата ѝ наложува на владата на Мјанмар да им исплати отштета на Рохинџите во износ кој треба да биде утврден во посебен процес.