Пази, немам ништо против Албанците.
Немам ни за.
Јавно ги сакам Германците, Шпанците, Скандинавците и Американците. До тука сум океј. Овие кои не ги сакам – не ги сакам тајно, у себе. На крају краева, не мора никој да знае кој мене интимно ми иде на нерви.
Али факат Албанците никад не биле на тој или пак оној список. Нив ниту ги мрзам, ниту ги сакам. Баш ми е сеедно. Зашто? Е па затоа што не се потрудиле да ми сменат мислење, јебига. Ко некоја женска у средно што ниту ти го дига ниту те нервира, него и се обраќаш само кога треба да препишеш нешто од нејзина тетратка.
И чувството не ми се мења кога ќе видам како нивните фудбалери се палат дека знамето на Голема Албанија е нешто што е нивна света реликвија (небаре Тирана им е главен град на Дебарчани!), ем па е нешто за што треба да изгинат на терен (пошто, по мене, на фудбалски терен се гине само за голови).
Али као љубител на романи за Шерлок Холмс, не можам да не си го поставам прашањето "Кој го соши знамето и му тури знакот?". Пошто, факат, ми нема логика Албанчероси да пуштаат свое знаме од покрив на српска црква усред Белград. Не заради друго, него затоа што Српциве нема да ги пуштат таму ни да припират. И нема шанси тој дрон да пут путује све дур не дојде до пред камерите на РТС (до толку знам пошто тоа ми е занает). И нема шанса брат на албански премиер да го наведуе тој дрон без да му најдат некој даљински хепек и без да ради това заглави на Голи оток. А управо тоа се деси: не му најдова ништо и не го одробијава. Плиз, не читајте српски весници и нивни македонски портпароли, читајте полициски извештаи: човекот у руки имаше фото-апарат и после утакмица си отиде дома у надеж дека ќе догледа второ полувреме, кад-тад.
Океј, сеа секој скептик би рекол: е добро де, ако не он – кој онда го пушти тоа срање на мање од десет дена од првата посета евр на некој албански политичар на некоја од низата српски држави?
Можда сум глуп, али ја све некако би рекол дека го пуштиле тие на кои не им одговара да дојде до таа средба. Кои се тие, видете сами, ме мрзи да образлагам. И подеднакво ме мрзи да гледам Албанчероси како протестираат од Вардара па до Улциња затоа што е врло могуче Сврбите да им подметнале финта на која они по дифолт мора да се палат. Океј, другари, изволте палете се кога сте ајвани!
Али ко ќе чујам дека мој народ у целава комична ем евтина приказна се придружуе у хорот кој скандира "Убиј, закољи, да Шиптар не постоји!", онда немам друг избор освен овој текст да го потпишам со два збора: Шиптарчето Дарче.
Па сеа вие кољете ако тоа ви е работа.
Синсирли,
Darcho Shqiptarcho