Спорт

Кошарката како опиум за црнците

И Чарлс Баркли е на линија на она што брутално беше опишано во статијата „Кажете му не на спортот“. Вика дека на црнечките деца им е испран мозокот со кошарката и сонот дека еден ден ќе играат во НБА. Додека кај белите деца, 90 осто сакаат да станат доктори, правници, што и да е, кај црните толкав процент мечтаат еден ден да станат НБА играчи. А од погрешни сонови, кога тогаш ќе те разбуди јавето.

Кажете му не на спортот

Сте размислиле за невидливите жртви на врвниот спорт? Пеле има упропастено безброј мали Бразилци. Како тоа? Понесени од неговиот глобален успех, се далдисааа и тие да стануваат фудбалери... останаа во фавелите, без образование, знаења и перспектива. 12.500 црнечки деца пропаѓаат за еден од нив да потпише за НБА. На ист начин ќе ги понесе и приказната за Ѓоковиќ, па ќе баталат книга, занает, било што што ќе им затреба во животот. Тачдаун.  

Силување во најава

Бокс мечот Мајк Тајсон (58 години) против Џејк Пол (27 г.) е закажан за 20 јули и ќе биде глобално стримуван преку Нетфликс. 8 рунди по две минути. Веќе извесно време трае маркетинг загревањето за настанот од кој се очекува да генерира приход и до 300 милиони долари. По наше, ако не е договорена работата, Тајсон има да го здроби бившиот Јутјубер. А и тој па си го бара. 

Економист на денот

За секој и секаков говор си постои прикладно меасто и време. Чекајте да ви го преведеме говорот кој ќе го слушнете: „Јас ја сакам приватната сопственост. Ако ја сакате својата држава, читајте го Лудвиг фон Мисес и шесте лекции на австриската економска школа! Мадафакери!“ Што мислите, каде и од кого е одржан овој говор? Од некој  економски нерд на некое предавање, семинар, интелектуална дебата?

Легендарното Болеро на сличуги

40 години поминаа откако Британците Џин Торвил и Кристофер Дин, на Зимските олимписки игри во Сараево ја изведоа оваа легендарна изведба на мраз, на драматичните репететитивни тонови на Морис Равел и неговото Болеро. За многумина, една од најекспресивните и најелегантни изведби видени во овој спорт, на сите времиња. 

Шо бе, кратка ти е?

Многу интересна илустрација за човековата природа. Двајца инвалиди играат пинг-понг на некој официјален натпревар во нивна категорија. Значи прописни инвалиди, обајцата во инвалидска количка. И сега, од некои кои знаат како е да се живее со некаква физичка попреченост и како е неубаво кога таа некој ти ја искористува, очекуваш од двајцава да играат фер. Не бе, овие намерно се прцаат.

Првата тупаница на НДХ

Не зборуваме за Анте Павелиќ, Кватерник или Артуковиќ. Нè знаете, нас повеќе нè занима она што се изгубило низ порозните фуги на големите историски камени блокови. Џими Лигет, светски црнечки шампион во бокс, воден од љубовта кон извесна госпожа Ружа, во 30-тите стигнува во Загреб. Станува најбараниот боксерски тренер во Хрватска а потоа и селектор и тренер на репрезентацијата на НДХ, до крај! За БЛМ, спремни! 

Прави се дека така си сакала

Компилација од настапи на (главно) гимнастичарки, оние моменти кога ќе згрешат, ќе направат утка и нема добро да го изведат елементот ама потоа ќе пробаат тоа да изгледа како дел од точката. Како кога ќе извисиш на подигната рака за „да пукне“ па после ќе си ја погалиш косата.

Слушам кај шумат шумите

Се сметате за фундаменталистички пријател на животните и сте против секакво нивно малтретирање, ама сепак некако ве привлекува коњичкиот спорт? Ска проблем, има решение и за тоа. Истовремено, ова е конечно решение за молбата од горенаведената песна, делот „кога ќе в село појдете, со коњи да не тропате (леле тропате).“

Ова го немавме чуено

Балканските фудбалски трибини се инкубатори за некои од најсочните пцовки, клетви и закани кои се имаат изнедрено на овие простори. Но, секогаш постои место за нови иновации и крикови на ранетите души на спортските фанови. Колку треба да те изнервира еден фудбалски судија за да зажалиш што не си крокодил?

Момчето со форхендите

Форхендот важи за посилен и посигурен тениски удар отколку бехендот (фанови на Федерер да не рипаат одма). Момчево има 12 години и два форхенда затоа што e aмбидекстерен, состојба кај лица кои подеднакво ја развиваат и левата и десната хемисфера на мозокот па затоа подеднакво добро се служат со двете раце. Кај и да му ја пуштиш, нему му доаѓа на форхенд.

Ако денес немате на кого да му љубоморите, изволте

Дечкото се вика Кандид Товекс и професионално се занимава со скијање, ама не таму кај што има знаменца, патека и „оп оп оп оп“, туку само кај што има дивина: снег, карпи и дрвја.

Некој нека ми ги искрши забите

И да не знаете руски, ќе разберете дека на овој ММА борец (Шодмон Назокатов, Таџикистан) му е најпаметно да си ќути. Победата им ја посвети на родителите, сопругата, но и на девојката! Упс! После се врати да ја исправи грешката. Дупло Упс!

Чекајќи ја Северина

Две закуцавања кое на времето секој мораше да ги има во својот мобилен телефон. 1. Она на Винс Картер и 2. Она на Северина.

Навратилова за транс-жените: Не можете да имате сè

Мартина Навратилова има 18 Гренд слем титули, 8 пати освоен Вимблдон, позната е како ЛГБТ активист, имала и трансџендер тренер... Кај Пирс Морган јасно и гласно порачува дека не е фер кон жените во спортот да им се уфрлуваат биолошки мажи кои решиле да се произнесат како жени. Еднооставно, не е фер.  

Најголемиот бран некогаш јавнат од човек

На 37 годишниот професионален сурфер приликата му се погаѓа во португалски води во октомври 2020 година. Биле потребни 18 месеци тоа да биде верифицирано од група научници и експерти од Гинисовата книга на рекорди и признато како највисок бран по кој човек досега сурфал. 26 метри. 

Биологијата упорно не е политички коректна

Мешана штафета на атлетското првенство во Доха. Мешана по системот две машки, две женски, и секој бира по кој редослед ќе ги пушти. Полска, за разлика од сите други почнува со двајцата мажи, па за крај ги остава двете жени. Благодарејќи на ова, во последната измена влегува со 5 секунди предност.

Оди па земи му ја

(Зло)употреба на еден баг во фудбалските правила кои велат дека тој спорт се игра со нозе, топката може да ја допреш и со други делови на телото, само не со раце. Видиш, за дриблање противници додека топката ти е на врат, ништо не е кажано.

Маркус Едер - СКИ ЈА ЊЕ!

Скијањето не мора да значи да кмишиш во ред за ски лифт, не мора да значи ни само алиби за да се бапнеш на бачило. Скијањето некогаш подразбира да планираш преку две години, да снимаш 90 дена и да добиеш вакво десетминутно видео од кои паѓаат везови на вилица.

Одамна вака не сме се умориле

6:54 минути напнато дружење со Крис Шарма, на едно супер атрактивно место за пентарење по карпа. Тој се качува, нас прсти нè здоболуваат.

131 метар под морето

Притисок на гума на кола е околу 2,5 бари. На 130 метра под вода, притисокот  е 14 бари! Дотаму (131 метар) има стигнато Алексеј Молчанов, на „здив“, без боци, без ништо. Овој светски рекорд го постинува за вкупно време од 4:33 минути.

Второто полувреме кај скокови во вода

И трупови знаат дека фората е што помалку да испрскаш кога ќе се жбурнеш во водата. Но, тука не завршува приказната. Откако ќе се жбурнеш, имаш уште работа.

Олимписко тегнење за уши

Американските староседелци цели 60 години секое лето одржуваат свои Олимписки игри во Фербанкс, Аљаска. На Ескимско-Индијанските олимписки игри можат да се видат секакви дисциплини, од кои ја издвојуваме дисциплината „тегнење за уши.“ Треба и кај нас тоа. Чие уво испадне најјако за тегнење, станува Никола Димитров.

Оксана „Челик“ Чусовитина

Што прави денес на 46 години Узбекистанката Оксана Чусовитина? Истото што го правеше и во 1992 на 17 години, се натпреварува на Олимпијада во гимнастика. Чусовитина нема пропуштено ниту една Олимпијада од 1992-ра, и зависи од годината го носи дресот (трикото) на СССР, Германија или Узбекистан.