Како мароканската одбрана го проголта нападот на Бразил
Спектакуларно е да се види како фудбалерите на Мароко се движат дефанзивно, главно во 4-2-4 формација. Ова не е случајно, ова е тренирано и вежбано. Како имунолошка Т клетка која се движи синхонизирано за да го неутрализира опасниот вирус кој го детектирала во својата околина. Маестрална тактичка дисциплина.
Постои и контра тактика. За разлика од мароканската „уметност на дисциплината“ и одржувањето на одбранбената конструкција по секоја цена, Холандија на времето спроведуваше тактика „Сите по топката!“