Фото

Ај малку за Африка преку мапи

„Секое утро во Африка, газела се буди и знае дека мора да биде побрза од најбрзиот лав или ќе биде убиена. Секое утро во Африка се буди и лав. И тој знае дека мора да трча побрзо од најбавната газела или ќе умре од глад. Не е важно дали сте лав или газела – кога ќе изгрее сонцето, најпаметно е да бидете брзи“. – африканска поговорка.

Маркетинг, кога е добар, е одличен

Циниците знаат да кажат дека маркетингот е цената која ја плаќаш за производот кој не ти е доволно добар. На таа линија своевремено беше и Рамбо Амадеус кој тврдеше дека на реално добрите производи не им треба рекламирање (како пример го наведуваше Т'га за југ). Ама па, од друга страна, Хенри Форд викаше дека оној што ќе сопре рекламирање за да заштеди пари е како некој кој ќе го сопре часовникот за да заштеди време. Одиме во слава на вторите.

 

Повторувајте „уметност не е перење пари“

Следново нешто што ќе го видите е дело на Феликс Гонзалес Торес и истото аукциската куќа Кристис го продаде за 13.635.000 долари (да, пишува 13,6 милиони долари). Со здравје да си го служи кој и да е новиот сопственик.

Кој е Томо Жезнати?

Томо Жезнати, познат сениор девелопер и експерт за Линкукс, им се пожалил на луѓе дека заради брзиот развој на вештачката интелигенција има останато без работа и професионален ангажман и дека поради тоа е принуден да работи како професионален моторџија и модел за песни. Сакајќи да ја проверат неговата работна биографија, луѓето за помош се свртиле кон ЧетГПТ. Еве што има тој да каже за Томо.

Селфи кај телевизорот

Пред интернет ерата, дури 82% од Американците признавале дека во случај на пожар, прво нешто што би спасувале од дома би бил телевизорот. Во Советскиот сојуз (и во целиот источен блок) тој процент сигурно бил и повисок бидејќи дури таму била шема да се има телевизор. Серија фотки од тоа време на горди лица покрај статусниот симбол на нивната ера.  

Преку 50 нијанси сиво

На познатиот сликар Боб Рос човек му се пожалил дека не може да ужива во неговата и друга уметност затоа што е далтонист. Рос, кој (иако без еден прст) има насликано преку 30.000 слики и снимено 403 епизоди од извонредната ASMR серија „Радоста на сликањето“, решил да му помогне на човекот насликал слика користејќи само сива и бела боја. А не фали ама баш ништо. 

Америка требаше да биде убава

Мала галерија од за навек изгубените архитектонски богатства на САД. Срушени за да се направи нешто помодерно и често поглупо и погрдо. Американците имаа една фасцинантна јавна библиотека во Синсинати, ја имаат срушено за да се отвори простор за паркинг.   

Сè е исто, само Ал Капоне не е в затвор

За оние кои се убедени дека живееме во неповторливо значајни времиња, мал „Неделава пред години“ времеплов за тоа што се случувало во светот меѓу 23 и 27-ми октомври. Ќе сфатите зошто е таков насловот и ќе сфатите зошто престанавме да набројуваме настани поврзани со Македонија после европската порака до нас од 2004 година.

Како ВИ ја замислува Мона Лиза денес

Вештачка интелигенција создала своја верзија на легендарната слика на Леонардо Да Винчи откако добила задала да покаже како би изгледала таа фамозно загадочна девојка кога би била претставена денес. Некои се одушевени од новите атрибути на Мона Лиза, на некои им личи како на девојка која има ОнлиФанс.

Крш фотографии од музичари

Од што ли може човек повеќе да се срами, од музиката со која некогаш се занимавал или од имиџот кој го фурал убеден дека тоа е тоа? Другпат за музиката, овојпат имаме пакетче бескрајно забавни фотографии од кои мазохистички посакуваш и да слушнеш за што се работело.

АИ фотографии од апсењето на Доналд Трамп

Интернетот се преплави од фалц фотки од апсењето на Доналд Трамп, креирани од веќе моќните генератори на фото и видео материјали кои и денес чуда прават а допрва ќе се лизгаме на тие материјали (дур не дигнеме раце од сè и почнеме да плетеме џемпери). Кај нас нема потреба од вештачка интелигенција, кај нас тоа може и полесно.

Како е можно некој да мисли дека победил во Маринка?

Маринка е едно гратче во близина на Доњецк со некои си 9.000 жители кое веќе е сосема неважно под чија контрола е бидејќи изгледа како сметкопотврда за сите оние новински извештаи дека на украинскиот фронт дневно се трошат по десетици илјади топовски гранати.

„Отишо је свак ко ваља“ - 2022 година

Мало потсетување на сите познати лица кои починаа во 2022 година, во форма на легедарниот омот на Битлси, Сарџент Пепер... Многу се загледавме и многу одново ни падна жал за некои ликови.  Додуша „отишо је свак ко ваља“ е чувството кое го имаме секоја година, кога ќе се потсетиме кој сè отишол, а знаеме каква фукара има останато. 

BBC, секаде кадешто е најжешко

Репортерскиот ветеран Џереми Бауен праќа извештај од борбените линии на Украина. Залегнат е, под жесток оган, ризикувајќи го својот живот, за објективно да ги информира своите гледачи што таму се случува. Во позадина има една домаќинка со зембиљ која ја упропастува драматиката на ситуацијата. Јаз'к.

Погрешно слушнати песни

Имаме чоек кој пееше „Свирао је Дејвид Боуви и пао са Марса.“ Имаме и таков на кој му се слушаше „...и сасеко ко маче,“ а не се снебиваше дa ја викне и онаа од Дорс "Рајдинг он а стоун". Сме чуле тезгарош како пее „кад свиче без оне“(Џибони) а трајно нè има оштетено и рефренот „цвечето, о мила моја....“ (Дугме). Немаме визуелизација за нив, ама имаме за други.

Руските авиони летаат преку обиколница

Рутата на авионот е Москва - Мадрид - Атина - Москва, или во нормални времиња лет од некои си 8.000 километри. Сега истата оваа рута, благодарејќи на санкциите и многу креативно планирање е над 15.000 километри

Зумирањето е непријателска пропаганда

НАТО, Карл Билт, фотографии од сток... Како кој објави фотка од Украина со некој соодветен  контекст, така твитерџии фаќаат да ги зголемуваат тие фотографии и не ретко наидуваат на нацистички симболи. Најчесто знакот на „Црното сонце“, стар наци - симбол уште од времето на Хајнрих Химлер.

Како да го набавиме овој уметник?

Ако Скопје на Дино Мерлин можеше да му фукне 100К евра, на овој треба да му се дадат колку сака, да дојде овде и да нè ц'цка. Го познаваат како Емемем, иако е анонимен бидејќи работи само ноќе, главно во Лион. Остава преубави мозаици во асфалтни пукнатини, дупки на тротари, процепи на фасади, брусени ил небрусени шахти... Уметност на зацелување улици. Многу би нè личело, многу.

Уникатните специмени на Волмарт

На едната страна сме ние, во суштина паланка во која луѓе се ѕверат во секоја фризура или облека која е поинаква од она што тие навикнале да го гледаат во своето матично трло, па затоа на шопингот често се гледа како на одење на корзо, каде човек мора да е спремен и пицнат, мислиш може секој момент да го викнат на кастинг за Холивуд. На другата страна е Волмарт.

Конечно дојде модата

Чорапите се дело на јапонскиот дизајнер Фукузава Такајуки, кој забележува дека луѓе фрлаат парови чорапи само затоа што едниот чорап има „не можам да се качам до кај тебе на кафе“ дупка кај палецот. За да се избегне ваква ситуација, тој изработува чорапи кои фабрички се со дупка на палецот.

Нема поточна слика на интернет

Темата е „Ако Шведска беше во Источна Европа“, и е така снајперски прецизно удената, посебно со билбордот и надградените тераси, да си помислиш дека „пред“ фазата е монтажа.

Иновации кои не заживеаја

Некои изуми не заживеле затоа што биле глупи, некои затоа што биле добри ама глупо време дошло. Како што знаеме од домашен терен, најсигурен начин една иновација да не пропадне е да ја дадеш бесплатно ама софтверот кој е изграден за неа, после да го откупиш со државни пари.

Америка подготвена за празникот на демократијата

На ден пред изборите, Лос Анџелес е залепен со шпер плочи на излозите, за да не дојде до кршење и влегување во дуќани. Сликата ја посочи Џими Кимел, со очекувано погрешен наратив.

Пристаништето во Бејрут, пред и по експлозијата

Тоа дупката во пристаништето што сега е море до пред неполни 48 часа беше хангар, полн со 6 години напуштен амониум-нитрат. Таа белата зграда, беше силосот во кој може да се чуваат 85% од житните резерви на Либан.