Музика

21-от век: Да го слушнеме албумот што немаше да го слушнеме

Лоша (и стара) вест: Лани се разотидоа Васко, Раде и Дени од 21-от век, еден од најавтентичните бендови на овие простори, финиширајќи го материјалот за новиот мини ЛП. Добра (и тазе) вест: На Васко Бумбикс, најжилавиот фајтер во македонскиот музички ринг, му било жал песните да пропаднат и да не ги чуе уво па ги понуди на „нека се весели народ“. На човек да му е криво што нив ги нема а некои офтики упорно го рециклираат својот неталент.

Кога една црква зазвуче на Свети Леми

Да потсетиме на овој легендарен момент, кога Ace of Spades од Моторхед беше изведена во катедралата Свети Мартин во холандскиот град Веерт. На гитара ама и на кариљон, црковен клавир кој функционира со оние огромни лиени ѕвона. Моторхед на 20.000 кила железо? Е, тоа е хеви метал! 

Рамштајн со стомачен вирус

За Маванг знаеме само дека е од Индонезија. За песната пак, немаме идеја како е настаната, што е мотивот и слично. Да замислиме едно можно сценарио: Маванг изел нешто бајато тоест расипано. Почнало да му се гади, да му се бурботи во мешето. Сакал да го овековечи тоа чувство, иако немал баш готов текст. Нема врска, еве го чувството. 

Персискиот шмек на Game of Thrones

Рамин Џавади (татко Иранец, мајка Германка) е роден во Дуизбург, Германија, со summa cum laude завршува музика на Беркли во Бостон, под менторство на Ханс Зимер. Ја потпишува музиката на Iron Man, Westworld, Pacific Rim и House of the Dragon, но најпозната му е онаа од Игра на троновите. Овојпат, со дополнително локализиран аранжман на Реза Саџади, изведен од девојки на удирачкиот инструмент даф. 

ПКМ - Крив правец

Жесток спот на Иван Солунчев на исто толку жестоката и болно прецизна „Крив правец“ на ПКМ (Пупе Кељавиот од Мичурин), песна која удира во плексус и мава по јајца (оние кои уште ги имаат). Гневна а бескрајно тажна „крвна слика“ на македонската денешнина од која немоќта вреска во КАПС ЛОК. Топ(-)тан пропс за сите вклучени во овој хип-хоп. 

Хејс- Трамп 1:0

Наследниците на соул легендата Исак Хејс (Ајзак Хејс) пред две години го тужеа Доналд Трамп за неовластено користење на неговата песна „Hold On, I’m Coming“. На настани и во видеа ја искористил 133 пати и бараа отштета од 3 милиони долари. Деновиве вонсудски се спогодиле. Сумата не е објавена ама ете фин повод да ја слушнеме песната без Трамп да ни го фалшира впечатокот.

Една песна и накриви капа

Дон МекЛин денес има 80 години. Пред 55 години, во 1971-ва, напиша една песна која стана голем хит а во меѓувреме влезе и во националениот регистер на американската Конгресна библиотека како дело со „особено историско, културно или естетско значење.“ И пазете сега ова, оваа песна ден-денес му носи пари од тантиеми меѓу 300.000 и 500.000 долари годишно!

Сипај од тоа отровот да ги прославиме поразите

Откако цела деценија прописно го исчашуваше вкусот на цела една генерација со симулирање егзотика, пари, коли и брендови, раперот и продуцент Слободан Вељковиќ Цоби („Тешко сељачиште и исто толку непретенциозен и врхунски талент“ - Адо) јако врти („Кажи кад окреќеш да се држимо, испопадасмо!“ - Ѕинго) накај реализмот на јужњачкото секојдневие. Наместо лажен гламур, реален живот. Во таквиот живот поразите не се бројат туку се подразбираат. 

Вонредна песна на Брус Спрингстин

„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ви ја давам денес,“ напиша деновиве Брус Спрингстин за протестната песна која ја посвети на „нашите невини мигрантски комшии“ и на семејствата на двајцата луѓе кои настрадаа од агентите на Бирото за имиграција. Налик на насловот на неговиот можеби најголем хит за Филаделфија, оваа песна се вика „Streets of Minneapolis“ 

10 години без Боуви, Принц, Коен, Есма

2016-та беше гадна година по разни основи. Кај нас тоа беше време на Пржински договори, аболиции, хистерии на корисните Шарени идиоти (подоцна преименувани како „шуто и рогато“)... Нејќеме ни да се потсеќаме на тоа (а нема ни да заборавиме). Тоа беше година во која заминаа Мохамед Али, Џин Вајлдер, Алан Рикман, Јохан Кројф, Харпер Ли... Но, посебен масакр доживеа музиката. На неа сакаме да се сеќаваме.

Непанкерски албуми од панкерската 1977 година

Таа година се слави и памети по панкот кој детонираше во Лондон и Њујорк кога Секс Пистолс, Клеш и Стренглерс извадија деби албуми. Греота е 77-ма да се памети само по панкот пошто многу автентични автори си го тераа својот филм па добивме одлична и шарена музика. Од соулот и блузот на Били Витерс и Мади Вотерс, шизичките Шик, Боуви, Токинг Хедс, електрониката на Крафтверк, перфекционизмот на Стили Ден, гитарите на Телевижн....  

Рамбо, може ли еден селфи?

Рамбо со новата песна уште еднаш е актуелен и во плексус го гаѓа духот на времето, поточно заморната и одвратна селфи култура на оние кои некаде ќе видат позната фаца. „Никој нејќе да ме слуша а секој би да се слика. Како да сум со струготини наполнет сокол во фоајето на селски хотел.“ Спотот почнува со концертна заклетва дека ако некој се види во неговиот спот, се откажува од авторските права.

„Корка“ од Кочани се враќаат од Брисел со награда од публиката

Младиот кочански рок бенд „Корка“ освои најмногу гласови од публиката на онлајн гласањето и го доби признанието People’s Choice Award на меѓународниот фестивал Imagine Experience во Белгија. Кои се Корка? Дојава од пријател (Кирил, Храна за возрасни): „Злато деца. Млади и скроз надежни, во лулката на безнадежноста, Кочани. Звучат одлично, како Соник Јут, рани ствари“.  

Песната која Џеф Бриџис би ја слушал до крајот на животот

Ќа налета некоја песна случајно до тебе од некој спунт, ќе се заинтересираш за неа, за авторот, па ќе влезеш „во длабокото“. Некоја ќе ја откриеш на Шазам, некоја ќе ти ја набаци пријател, некоја алгоритам (меѓу две реклами за таи-чи). Така и ние со Бил Еванс, до кого стигнуваме преку Д Дуд, кој има издадено дури пет албуми и има работено со некои од најдобрите. Т- Боун Барнет, на пример.

Џез нирвана

Познатиот џез тапанар Уликс Овен јуниор ја носи својата џез дружина Generation Y за да слушант песна која никогаш ја немаат чуено а потоа да ја отсвират по свое, онака како би одговарала на форматот кој нив им лежи. Која песна? Објавена е во 1991 година на Nevermind, првиот албум на вокално-инструменталниот состав Нирвана. Се вика In Bloom. 

(Анти)божиќна плејлиста на Дејвид Брн

Лидерот на Токинг Хедс понуди фина подлога за божиќно расположение за „луѓе кои мразат божиќна музика“. Дејвид Бурн порачува: „Оваа листа не е за зимскиот солстициј, ниту пак содржи некаква паганска агенда, тоа се бучни, забавни песни кои нежно ги прцаат празниците. Уживајте!“ Run DMC, Принц, Вили Нелсон, Мејси Греј.... Сешто има. Започнува со „Божиќ доаѓа“ (Ya Llega La Navidad), завршува со својата „Дебелиот доаѓа.“ 

Сељаци, сељаци, ама со јак продуцент

„Зелката има кошули триста“ но не е далеку од тоа ни песната Y.M.C.A. на Вилиџ Пипл, која не е само диско зицер кој знае да го размрда и Доналд Трамп туку и вистински продуцентски мастерпис. Од слоевитиот ритмички дел, дуплите гитари, дуплите клавијатури, вокалите.... секое делче легнува на свое место како во швајцарски часовник. Вивисекција на химната на Вилиџ пипл.

Рамбо: Десет албуми кои ми го сменија животот

И во она што го создава и во она што го слуша, Рамбо Амадеус е шармантно еклектичен. Вели дека неговите најбитни албуми никогаш не ги држел во раце бидејќи постариот брат, кој имал пресудно влијание врз неговиот музички вкус, инсистирал на магнетофон и ленти. Братот Андрија, на времето свиреше во словенечки бендови (На лепем пријазни и Отроци социјализма), а подоцна стана вешт аудио инженер и продуцент попознат како Дигитал Мандрак.

Музички спој на вештачкото и интелигентното

Можете да мислите исто како нас, дека „Purple Rain“ на Принц е совршена и не може да постои подобра верзија од тоа. Ако, ама ај да чуете како таа звучи во соул шмек од 60-тите години. Еминем во ну-метал верзија што ќе личи на мешавина на Лимп Бизкит и Дистурбд? Фил Колинс и саксофон кој личи на Кенди Далфер? Нема бегање. Не дека ние луѓето веќе го отсвиривме своето ама и ова не се заебава. 

Бора Спужиќ Прогресив Квака

Од кујната на алхемичарот Апостолски доаѓа уште една халуциногена комбинација. Бора Спуќиж Квака и Dream Theater. Легендата вели дека Квака еднаш ги има сретнато Мајк Портној и Џон Петручи и кога чул како свират, зацвилел три ноти повисоко. „Дајте секира да си пукам во белите дробој!“

Ако Никола Бадев беше роден во Њу Орлеанс

За вакви постмодернистички заебанции со музичките стилови и жанрови порано требаше огромна доза талент и вештини. Сега треба само да ја најдеш вистинската апликација, да напишеш неколку вешти промптови и инстантно да добиеш резултат за кој некогаш биле потребни месеци. Бадев заминува со параходот ама обратно: од Њу Орлеанс до - сакаме да веруваме - Егејска Македонија. Тешка е судбината на црните печалбари.

Македонија, хеви метална

Елате да оверите парчиња од еден Јутјуб канал со метал преработки на македонски фолк и поп песни, направени со помош на малку ВИ магија. „Направено со љубов, дисторзија и доза македонска душа! Поддржете ги оригиналите и продолжете да рокате! Љубовта нека биде тивка, или барем со дисторзија!“, порачува Антонио.

Новиот бог на соул музиката

Се вика вештачка интелигенција. Да, јасно, самото спомнување на „соул“ и „вештачка интелигенција“ во иста реченица е перверзно само по себе, ама, такво време дојде. Читател ни испрати неколку ВИ преработки во стил на стариот Мотаун соул, на теми од Еминем и Куртис Џејмс Џексон Трети (50 Cent). Не да звучат добро него Марвин Геј солза би пуштил.

Силвана блуз

Музичкиот алхемичар Апостол прави уште еден халуциноген шприцер - блусевдах! Пола Силвана Арменулиќ, пола Боби Бленд па се добива убитачнатa „Teško meni jadnoj u Stormy Monday samoj“. Ако песната ве начека со прописна доза промили, можете да се почувствувате како Беким Фехмиу во Скупљачи перја. Или да викнете: „Дајте една секира да пукам!“