Fly, Sly, fly

На 82 години почина Слај Стон, командантот на шарената бригада „Слај енд фемили стон“. Ја зачини и ја направи сочна музиката од неговото време и беше енергичен шоумен.  Многумина сакаа да звучат како него и како нив. Почина по долго мачење со ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест), ем се откажа од цигари. Од истата болештија почина и Дејвид Линч.   

Основани во 1967, Sly and the Family Stone (бендот во кој Слај беше комплетен автор, аранжер и продуцент) беше првата голема група која имаше микс од црнци и бели, мажи и жени. Френетични труби, гитарски рафали и ритми како локомотива. Фанк, џез, соул, психоделичен рок, што ти душа сака. 

До 1974 година имаа десет Топ 40 хитови на Билборд листата. А потоа Слај ги отвори портите од царството на дрогите на што му терцираа серија ментални проблеми.   

Со години, безброј изведувачи сакаа да изгледаат и да звучат како „Слај и Фемили Стоун“. Хитот на „Џексон фајв“, „I Want You Back“, и „I Can't Get Next to You“ на „Темптејшнс“ се едни од многуте песни што ги имитираа вокалните и инструменталните аранжмани на Слај. Препознатливата мешавина од џез, рок и фанк на Мајлс Дејвис, „Bitches Brew“, беше инспирирана од Слај, а Херби Хенкок дури наслови и песна по него.

Влијанието на Слај трае со децении. Креаторот на Парламент- Фанкаделик, Џорџ Клинтон, беше следбеник на Стоун. Принс, Рик Џејмс и Black Eyed Peas беа меѓу многуте изведувачи обликувани од Слај, хип-хоп артисти ги семплираа неговите рифови, од Бисти Бојс до Др. Дре и Снуп дог. Трибјут албум од 2005 година ги вклучуваше Марун 5, Џон Леџенд и Рутс.

Годинава во јануари, Квестлав објави документарец “Sly Lives! (aka The Burden of Black Genius).”

Четири преработки на песни кои се негови а ќе ви звучат познато:

********

********

********

 

 

 

10 јуни 2025 - 14:31