Видео

Колку песни собира една песна?

Песната „Groove Is in the Heart“ на Американците Dee Lite e една од највечатливите песни евер. Само неколку такта се доволни да ја познаеш, живо да се сетиш на некоја атмосфера во која си ја слушаш или пак да ти текне на разиграниот диско спот кој го потпишува Хиројуки Накано. Супер им текнало, нели? Да му влеземе под хауба на овој музички Франкенштајн.

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Стварноста нуди бесплатни реклами

Кинеската компанија Хенгсинфенг ги искористи нередите во Франција за ефикасна реклама за нивен производ. Не мораше да им текне ништо креативно. Објавија реално видео од група вандали како пробуваат да демолираат излог од дуќан па крај само се пофалија чиј е главниот „јунак“. Компанијата се занимава со производство на специјални стакла. 

Архитектот на Бони М и Мили Ванили

Можеби ја знаете приказната за Бони М и нивниот единствен машки член Боби Фарел за кој се дозна дека е таму само за да шизи и отвора уста. Можеби ја знаете и приказната за дуото Мили Ванили за кои се откри дека исто така се тотално фејк пејачи. Но, можеби не знаете дека зад двете дубари стои ист човек. Сведочи еден од живите од Мили Ванили, другиот се уби со алкохол и дроги. 

И Русинот крив и овците на број

Ако фудбалот е игра во која на крајот секогаш победува Германија, европската политика е вештина во која на крајот секогаш виновна е Русија. Со години тврдеа дека инклузијата на мигрантите е најголемата сила на Европа за сега да тврдат дека Русија и Белорусија ги вртат мигрантите против ЕУ.

Фридрих Мерц тврди дека е свесен

И Германија и Европа поарчија неверојатен потенцијал за раст последните години зашто се влечкаа со реформите и непотребно и претерано ги ограничуваа претприемачките слободи. Мораме значително да ја намалиме бирократијата во Европа. Наместо да станеме најконкурентната економска област во светот, станавме светски шампион во прекумерна регулација. Тоа мора да заврши.

Конзервативниот Линдзи Грем плаќал машки проститутки

„Се викам Келвин и имав секс со Линдзи Грем кога имав 17 години“, вели еден од ликовите во експлозивниот документарец „The CLOSETocracy“ на левичарските Младотурци. Нашле тројца кои биле набавени од неодамна починатиот републикански сентарот за ескорт со сексуален хепиенд. Уште еден пример за оние кои се најгласни против нешто, само за да си ја ишкаат мувата од капата.

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Ирска поддржувa образовна програма наречена “We-Consent” за јакнење на свеста за согласноста во меѓучовечките односи. Идиотска невладина која ја изведува програмата решила со своја креатива да ја долови поентата. Видеото брзо беше повлечено, ама џабе, така тие размислуваат. Може треба прво на нотар да одат стариве.

Прасе за куче е делфин

Зезнат лавиринт чие решавање води до главната награда - храна. Во трка се неколку кучиња (кои важат за извонредни и високоинтелигентни трагачи) и едно прасенце (кое главно важи за централен играч на трпеза). Прасенцето уште па им игра со фора (подоцна се вклучува) и пак победува. Не веруваме дека ние би се снашле во овој лавитинт, така што, џабе да викате дека понекогаш сме свињи.

Боже, дај ми знак

Кутар отец Патрисио Алфредо Санчез Молинари од Еквадор. Имаше 53 години и едни од последните зборови што ги упатил на својата утринска миса во црквата во Гвајакил биле потсетување на библиската вистина дека сите сме смртни. На место. 

Париз гори, а има и кој да се чешла

Париз и Франција  - партали. 800.000 луѓе излегоа пред некој ден на улиците. Жестоки пресметки со жандарите, палења, грабежи на дуќани, упади во институциии. „Како може Французи да ѝ го направат ова на Франција?“, се прави на удрен оној што ни учука вето. Ученици, студенти, жолти елеци, антифа, луѓе, пензионери... Ќе речеш, нема некој кој не протестира. А има.  

Приказна на денот

Две пријателки се договараат да тркнат до блискиот паб на пијачка, го земаат и синот на едната кој е сериозно аутистичен. Му станало досадно, посакал да прошета надвор, мајка му го пуштила, ама да не оди далеку и да се пази. Се задржал подолго ама сепак дошол. Цел изгребан и распартален, како да бил во тепачка. Нејќел да каже што се случило зашто мајка му нема да му дозволи да го задржи она што го фатил. А каде е тоа? Во гаражата.

Игри без граници

Никој не спори дека балканските заврзлами околу разграничувањата се тешки да му ги објасниш на странец, но почекајте да ја видите ситуацијата меѓу Индија и Бангладеш. Да, постои граница меѓу овие земји, но, во едната земја постојат енклави од другата, како и обратно. А во рамките на индиската енклава во Бангладеш, на пример, постои - бангладешка енклава. 

Заморете ги децата со боја

Ова можеби вреди да се проба, а можеби и не. Гостинот на Џо Роган тврди дека постои едноставен начин за вашето дете да биде помалку зависно од телефонот и бескрајното скролање. Во подесувањата за посебни потреби да им наметнете силна црвена боја по што бескрајното скролање (веројатно) станува напорно. Офталмолозите тријат раце?  

Ние во Скопје гулаби си летаме

Ете, дочекавме и коли да летаат а патот Кичево - Охрид уште не се направи. Илон Маск го претстави својот нов Роадстер со кој би можеле да ги прескокнеме сите оние гужви кај Мавровка, Нова Македонија и другите скопски сообраќајни тромбози. Аутцето е направено со знаење на инжинерите од Спејс Икс а освен што лета, од нула до сто дига за помалку од секунда.  

Макартни ја дешифрира модерната музика

Во своето последно интервју, Пол Макартни призна дека не слуша денешна музика, што е разбирливо. Некој што ги напишал Хеј Џуд, Блекбирд и десетици други фасцинантни (додуша, има потпишано тој и бљакови како Об-ла-ди, Об-ла-да, или Јелоу Сабмарин) самоповредување би било да го слуша она што денеска масовно се конзумира. Генијот се помачи да го најде вистинскиот збор, ама сепак го најде - банално. 

Во јазичниот свет на сикс-севен

Едно средно школо го поканува да одржи говор полиголотот Шаома (зборува преку 60 јазици), кој се досетува говорот да го одржи на јазикот што го разбира средношколската публика, кој, нормално, го научил од ТикТок. Овие во несвест паднаа, како да дошол вонземјанин кој го зборува нивниот јазик. А ако верувате дека го разбирате сленгот на генерацијата Алфа, вие сте делулу.

Драги млади луѓе

Никој не ве предупредува колку пропаѓањето е тивко. Никогаш не доаѓа со сирени или ненадеен колапс. Се појавува маскирано како утеха. Пристигнува во поканите што бевте премногу слаби за да ги одбиете, дисциплината што ја одложивте до „следниот понеделник“. Држете до стандарди кога сите околу вас избираат кратенки. Фокус наместо евтин допамин. Лесниот пат дава моментално задоволство, но наплаќа камата засекогаш. 

Пијачката како храна, лек, плата и религија

Пред 10 милиони години мајмуни дознаваат за ефектите од скапано и ферментирано овошје. Пред 13.000 години, луѓе во пештери почнуваат да ферментираат зрна пред да дознаат како се одгледуваат. Пред 12.000 години во Турција ја прават првата огромна пивара. Пред 9.000 години веќе имаат рецепти. Пред 5.000 години, цела цивилизација е на алкохолен погон. И уште не се најде чаре за мамурлук.

Џобс, џубре

Во 1975 година, Атари побарале од Стив Џобс и Стив Возниак да изработат чипови за новата игра Breakout. Џобс не го знаел тоа, Возниак, кој во тоа време работел за Хјулит-Пакарт знаел што треба и после 4 дена неспиење, дошле до производот. Атари презадоволни. Џобс му рекол на другарот дека добиле 700 долари и ферски му дал половина од тоа - 350. А добил 5.000 долари. 

Македонски инфлуенсери, сè ви е простено

Украина мава по Москва, Русија мава по Киев па во таква атмосфера, Москва им препорача на странците да го напуштат градот. Во знак на пркос ем непокор, норвешкиот амбасадор во Украина порача „Остануваме во Киев!“ а норвешкиот инфлуенсер Кјетил Крогстад објави мотивационо видео од норвешко-руската граница. Паника во Кремљ.