Ако поразговарате со наши угостители, ќе се изненадите кога ќе ви кажат што сè муштерии знаат да бутнат во џеб: соларници, пепељари, чаши, виљушки.... и тоа не од некои што се „usual suspects“ туку од „угледно граѓанство“. Еден бар во Белгија со 500 пива на лагер служи пиво во чаша за која и поштен човек би помислил дека би било фино да ја има за спомен. Ама ќе треба да си оди дома со една патика.