Разно

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

И Русинот крив и овците на број

Ако фудбалот е игра во која на крајот секогаш победува Германија, европската политика е вештина во која на крајот секогаш виновна е Русија. Со години тврдеа дека инклузијата на мигрантите е најголемата сила на Европа за сега да тврдат дека Русија и Белорусија ги вртат мигрантите против ЕУ.

Фридрих Мерц тврди дека е свесен

И Германија и Европа поарчија неверојатен потенцијал за раст последните години зашто се влечкаа со реформите и непотребно и претерано ги ограничуваа претприемачките слободи. Мораме значително да ја намалиме бирократијата во Европа. Наместо да станеме најконкурентната економска област во светот, станавме светски шампион во прекумерна регулација. Тоа мора да заврши.

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Ирска поддржувa образовна програма наречена “We-Consent” за јакнење на свеста за согласноста во меѓучовечките односи. Идиотска невладина која ја изведува програмата решила со своја креатива да ја долови поентата. Видеото брзо беше повлечено, ама џабе, така тие размислуваат. Може треба прво на нотар да одат стариве.

Боже, дај ми знак

Кутар отец Патрисио Алфредо Санчез Молинари од Еквадор. Имаше 53 години и едни од последните зборови што ги упатил на својата утринска миса во црквата во Гвајакил биле потсетување на библиската вистина дека сите сме смртни. На место. 

Игри без граници

Никој не спори дека балканските заврзлами околу разграничувањата се тешки да му ги објасниш на странец, но почекајте да ја видите ситуацијата меѓу Индија и Бангладеш. Да, постои граница меѓу овие земји, но, во едната земја постојат енклави од другата, како и обратно. А во рамките на индиската енклава во Бангладеш, на пример, постои - бангладешка енклава. 

Заморете ги децата со боја

Ова можеби вреди да се проба, а можеби и не. Гостинот на Џо Роган тврди дека постои едноставен начин за вашето дете да биде помалку зависно од телефонот и бескрајното скролање. Во подесувањата за посебни потреби да им наметнете силна црвена боја по што бескрајното скролање (веројатно) станува напорно. Офталмолозите тријат раце?  

Кој го собира кајмакот од кафето?

Африка има една ипол милијарда луѓе. Швајцарија има девет милиони. Африка е распослана на 30 милиони квадратни километри наспроти Швајцарија која зафаќа samo 41.000 квадратни километри. Африка е родното место на кафето и полни милиони вреќи кафе секоја година. Швајцарија веројатно нема одгледано ни зрно кафе. Ама затоа знае да го пече, преработува и пакува. 

Мирисот на Мосад

За Американци во Израел без разлика дали се луѓе на ЦИА или се специјалци од американската војска, изралеската тајна служба има потреба да им долови што сè може да направи. Од тоа цел компјутер да им го подесат на хебрејски, до тоа да им влезат во хотелот, да им преместат работи и чат-пат да им се посерат наоколу. Чисто за да покажат дека им се може.

За долг а и среќен живот

„Да ја фатиш за гз“ звучи крајно сељачки и простачки ама па, здравјето пред сè. Знаеме сè за бенефитите од редовниот сон, здравата исхрана и редовната активност, но постои уште еден метод за бустање на окситоцинот, намалување на кортизолот, крвниот притисок и воспаленијата. Да, оној што звучи крајно сељачки и простачки. Ама па, здравјето пред сè.

Нашиов ќе ја конвертира Америка

Долг и интересен разговор меѓу еден православен свештеник и двајца млади протестанти. Уште поинтересен кастингот: православецот е отец Џонатан Иванофф од Православната црква на Aмерика. Не само што достојно си ја брани верата туку и потеклото. Кога провокатори ќе му нафрлат дека е со бугарски корени, им објаснува некои работи.    

Државата е некому мајка, некому над-мајка

Мајка од Вирџинија седум години ќе се наоѓа на државниот регистерот за злоупотреба и занемарување деца затоа што го пуштила својот 5 годишен син - сам да прошета надвор. Добила и 6 месечна условна казна затвор. Живеат во кварт кој е заштитен со ограда и има чувар. Малиов посакал да собира гускини пердуви покрај локалното езерце, мајка му го пуштила бидејќи оделе таму заедно и го знае патот. Е, не може тоа така.

Гушнат поп, мирно село

Среде неделна миса, жена го обвинила пасторот дека сексуално ја злоупотребил кога имала 16 години. Свештеникот Џон Лоув го признал делото, рекол дека тоа било погрешно и се покајал. Што направија после тоа верниците од оваа конгрегација во Индијана? Се собраа околу него за да го гушнат во молитва и да му понудат прошка. Жената не беше гушната.

Зеленски можеше да избегне војна

Андриј Богдан, поранешен началник на кабинетот на Зеленски, сведочи дека во 2019 година (пред да почне војната) Владимир Путин лично му пристапил со мировен предлог: да им се даде на луѓето од Донбас посебен заштитен статус и да се стави крај на крвопролевањето на украинските државјани кои зборуваат руски. Каков бил одговорот на Зеленски? Ете, гледате на вести.

Спојлер: ЦИА, мајка, ЦИА

Кристофер Гиоја е локален пожарникарски шеф од Њујорк, еден од не баш малкуте луѓе кои не веруваат во приказната за 11 септември која официјално гласи: Си биле два авиона и срушиле три згради. Значи, зошто третата зграда се руши обратно од другите две, зошто фирмата која правела реконструкција на лифтовите ја немало дента, зошто на местото се најдени трагови од експлозив, зошто пожарникарите слушале експлозии...

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Јутјуб го скина Кустурица

Без објаснување зошто, само со сувопарното „ги прекршил условите за користење,“ Јутјуб го избриша каналот „Мој Живот“ на режисерот Емир Кустирица. Го работеше 4 години, имаше 243 видеа и 10 милиони прегледи. Со еден потег сето тоа го снема. „Тие не сакаат некој да не биде во хорот кој ќе ја пее пeсната во која алгоритмите само го одразуваат она што гадовите на врвот го сакаат,“ вика Кустурица. 

Не мора да им верувате, доволно е да не верувате во ништо

Обичната тиранија бара само послушност. Што сакаш мисли си во себе, само да не таласаш. Тоталитарната, пак, го сака и она што е внатре во вас. Идеалниот субјект за ваков режим не е фанатикот и оној што е длабоко убеден туку оној кој веќе не знае да прави разлика меѓу лагата и вистината. Оној кој повеќе му верува на она што му е кажано отколку на своите очи. 

Пренасочување на либидото

Младите жени почнаа да се однесуваат кон идеологиите онака како што еволуцијата ги наштима да се однесуваат кон бебињата. Климатски промени, социјална правда, која и да е „каузата на месецот“- се бранат со жестокост на мајка-мечка. Истата неврохемија што некогаш го штитеше малото дете од предатори, сега ја штити апстрактната идеја од погрешно размислување.

За коцкарскиот механизам зад токсичните емотивни врски

Луѓето кои се заглавени во топло-ладно врски не чекаат љубов, тие го чекаат оној комарџиски џек-пот, оној еден ден кога лицето кое го сакаат ќе биде добро со нив, кога се брише сето она што до тој ден се трпело. Нивниот мозок не е вљубен туку се баждари на тој допамински фикс и станува хемиски зависен од неизвесноста. „Тогаш ние не сме во врска, ние сме во коцкарница“, вели психологот Барбра Удовичиќ.  

Асфалт за по дома

Локални индиски власти решиле да асфалтираат земјен пат кој минува низ едно село но нивниот проект не додржал ни ден. Уште кога асфалтот бил топол (тогаш најлесно се вади), локалци фатиле да го гребат и да го носат по дома, кој за по двор, кој за да им продаде на помрзливите комшии. Од утре пак ќе се траскаат по истите румби -тумби и животот повторно ќе биде нормален. 

Средба со балванот

Иако САД е супер сила и глобален хегемон а Панама мала земја со 4,5 милиони луѓе, на Доналд Трамп му било битно од неговиот амбасадор во таа земја да дознае „Што ние добиваме од Панама?“ Кога човекот му го објаснил значењето на Панамскиот канал , во сето свое раскошно незнаење Трамп се зачудил и рекол: Види богати! 

Која е порепресивна држава: Русија или Британија?

Русија на Запад често се портретира како авторитарна држава во која не смее да се писне против Путин за да не те изеде мрак. Фактите портретираат поинаква слика: иако има двојно поголема популација од Велика Британија (143 милиони наспроти 70 милиони), заради критика на властите, во затвор заглавуваат три пати повеќе Британци отколку Руси. Патем, во Русија може да се гледа британска телевизија, обратно малку потешко.   

За дизајнираните вируси

Наклукале вештачка интелигенција со генетски кодови од 14.000 постоечки вируси и го пуштиле машинчето да си поигра со податоците. Резултат? Илјадници нови, дотогаш непостоечки генетски кодови. Научниците издвоиле 300, ги синтетизирале и 16 од нив се покажале целосно функционални. За среќа, во случајот се работи за корисни бактериофаги, ама, знаете кај оди работата.