Хана Арент за тоталитарната идеологија
Не мора да им верувате, доволно е да не верувате во ништо
Обичната тиранија бара само послушност. Што сакаш мисли си во себе, само да не таласаш. Тоталитарната, пак, го сака и она што е внатре во вас. Идеалниот субјект за ваков режим не е фанатикот и оној што е длабоко убеден туку оној кој веќе не знае да прави разлика меѓу лагата и вистината. Оној кој повеќе му верува на она што му е кажано отколку на своите очи.