Заради доминантната медиумска слика, ни се чини дека светот главно умира од срцеви заболувања и рак. Но, глобално сликата е малку посложена:
Мапата (клик тука за поголема верзија) е таканаречена "мапа на изгубени години" и ја покажува главната причина од која во одредена земја се губат најмногу години живот.
"Главна причина за смрт" и "главна причина за изгубени години“ не е исто. Смртните случаи од предвремено раѓање кумулираат повеќе изгубени години од, да речеме, инфарктот, затоа што вториов се случпува во подоцнежни години од живот.
Со други зборови, инфарктот и останатите слични причини се "луксуз" на земјите кои ги решиле проблемите со смртноста кај доенчињата и децата. Затоа Африка е толку шарена и умира од маларија, диареа, ХИВ или предвремени породувања, болести и состојби кои ги косат најмладите.
Среде зеленото евро-американско море, Македонија е портокалова оаза на мозочни удари, проблем кој го делиме со Кина и Португалија.