Украина останува една од водечките земји во светот во однос на користење на криптовалутите, но пазарот досега функционираше во правна „сива зона“. Тоа го остави ранлив на активности на криминалци и руски агенти, поради што, според некои проценки, државата губи стотици милиони долари од даночни приходи.
Се проценува дека законот, поддржан од 271 гласа за и само 8 против, би можел да донесе до 15 милијарди гривни (330 милиони долари) годишно во државниот буџет.
Законот утврдува општа стапка на данок на доход од 18%, како и воен данок од 5% за трансакции што вклучуваат виртуелни средства. Во првата година по стапувањето на законот во сила, повлекувањата на средства, претворени во традиционална валута, ќе се оданочуваат по повластена стапка од 5%.
Надлежноста за регулирање на пазарот ќе биде поделена.
Националната комисија за хартии од вредност и берза (NSSMC) ќе биде одговорна за утврдување на тоа кој има дозвола да работи на пазарот на криптовалути, вклучително и издавање лиценци, следење на активностите на блокчејн, како и соработка со судовите за блокирање на нелиценцирани платформи и апликации.
Централната банка ќе се занимава со влијанието на виртуелните средства врз гривната и банкарскиот систем. Во случај на вонредна состојба, ќе има овластување да интервенира во девизните трансакции во текот на 24 месеци со цел да ја заштити гривната.