Бизнис

Никој не вади ќар од ВИ освен технолошките гиганти

И покрај огромните суми пари што постојано се вложуваат во развојот на вештачката интелигенција, реалниот поврат на инвестициите за компаниите што се надвор од технолошката индустрија е нула. Ова ја зголемува загриженоста дека бумот на новата технологија отвора огромна финансиска „дупка без дно“ која на крајот би можела самата да се урне.

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Иако европскиот пазар на електрични возила се развива најбрзо во светот, европската автомобилска индустрија отпушта работници. Производителите повеќе внимаваа да се прилагодат на регулативите наметнати од Брисел наместо на реалната побарувачка на електрични коли. Тоа го искористи кинеската конкуренција, која агресивно го освојува пазарот. 

Мрзливата Европа го преспа подемот на Индија и Кина

Економистот од „Голдман Сакс“ кој прв ја употреби кратенката БРИКС, уште пред 25 години ја предвиде улогата на земјите од развој на глобалната економска сцена. Но, во групата Г7 сè уште нема место ниту за Кина, ниту за Индија, затоа што „мрзливите“ европски нации љубоморно ги чуваат своите привилегии. Според Џим О’Нил, време е за сериозно надградување на тој систем.

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Големите американски банки одбивале „политички неподобни“ клиенти

Деветте најголеми американски банки вршеле дискриминација на клиенти врз основа на нивните проценети политички, идеолошки религиозни или социјални убедувања и деловни активности. На удар најчесто биле бизниси поврзани со рударство и експлоатација на фосилни горива, производители на огнено оружје и тутунската индустрија.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

Секој трет Американец пазари на рати

Соочени со секојдневни поскапувања, речиси 30% од Американците ги користат наменските кредити за купување храна на рати. Тоа ги принуди продавачите уште повеќе да ги зголемат цените на производите, со што ја продлабочуваат должничката спирала и во неа туркаат многумина од оние кои сè уште можат да си дозволат да платат веднаш за леб, млеко и јајца.

Туризмот не може да направи држава богата

Туризмот низ југот на Европа се велича како модерна „тешка индустрија“ и моќен двигател на економскиот раст. Но, ниту една земја во историјата не се збогатила од туризмот, ниту пак некогаш ќе се збогати, забележува аналитичарот Марко Јукиќ. Производството и иновациите се единствениот одржлив пат за трансформација од туристичка дестинација во економски фактор.

Како изрика Најк?

Прашање на денови е кога после 18 години, Најк ќе испадне од престижниот американски берзански индекс S&P 100. Пред помалку од пет години компанијата вредеше 264 милијарди долари, денес пет пати помалку. Вредноста на нејзините акции има паднато за околу 80%. Компанијата што некогаш создаваше култура, сега почна да дели купони за попуст.

Франција е задолжена како Грција пред големата криза

Каматните стапки во Европа растат побрзо отколку во Јапонија и САД. Франција, која е особено погодена од кризата, се приближува кон нивоата на долг што ги имаше Грција за време на кризата пред една и пол деценија. Долгот постојано се продлабочува, политичката класа е парализирана, а фискалната консолидација изгледа како невозможна мисија.

Nvidia прерасна во централна банка

Во трката за продажба компјутерски хардвер и чипови, голема е опасноста да се кредитираат шпекулативни проекти кои ќе донесат помали приходи или ќе се остварат подоцна отколку што предвидуваат сложените договори. Резултатот ќе биде огромен вишок на скапи и неискористени чипови. Ниту една компанија не е толку длабоко вплеткана во оваа мрежа како Nvidia. 

Еврозоната е прв кандидат за следната должничка криза

Скриениот фискален товар на Еврозоната е барем толку голем колку и нејзиниот евидентиран долг. Членките на ЕУ позајмуваат во валута што не ја контролираат, а ниту една од големите економии нема намера да ги контролира трошоците, постојано прибегнувајќи кон зголемување на даноците и регулаторни оптоварувања, кои ја прават економијата уште послаба.

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Во трудот „Стапицата на отпуштањата заради вештачката ибнтелигенција“, двајца американски истражувачи математички моделираа како брзата автоматизација со помош на вештачката интелигенција води кон кон економски колапс. Секоја компанија со најрационални мотиви ќе влезе во ВИ трката зашто ако таа не влезе, другите ќе влезат и ќе ја уништат. Но кога сите ќе се фатат за тоа оро - проблем.

Пола милијарда долари за нула гранати

Американските даночни обврзници му дале на „Џенерал Дајнамикс“ 533 милиони долари за нова фабрика која требало да произведува гранати за Украина. Роботите се палеле, работниците седеле без да прават ништо. Објектот извадил точно нула употребливи гранати. Откако производните линии биле затворени, истата единица на „Џенерал Дајнамикс“ добила уште 2,5 милијарди долари во договори. 

Палантир го крие ќарот во Европа за да не плаќа даноци

Компанијата на Питер Карп и Алекс Тил, озлогласена поради производството на системи за надзор, го пријавува речиси целиот свој профит во САД, иако голем дел од приходите ги остварува во Европа, што овозможува значително намалување на даночните обврски. Палантир пријавува профит од 47,7 центи на секој 1 долар приход во САД, а во Европа вештачки ја спушта маржата на само 3%.

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Фондот Situational Awareness на вундеркиндот Леополд Ашенбренер за помалку од три недели премина од годишна добивка од 439% во принудна ликвидација. Загубите од 45 милијарди долари се предупредување за секој инвеститор за ризиците од вложување во недокажаниот потенцијал на вештачката интелигенција без да се почитуваат основите на пазарот.

Огромниот кинески извоз намалува инфлации по други земји

Иако Трамп лани воведе високи царини за Кина за да ја израмни трговската размена и да ја ревитализира американската индустрија, се зголемил увозот на кинески производи во САД. Бариерата од царини индиректно предизвика и пад на инфлацијата на други развиени пазари, вклучувајќи ја и Европа, кои се пренасочија кон купување поевтини кинески производи.