Трамп на време ги продал акциите во Nvidia

Претседателот Трамп, кој беше близок до Џенсен Хуанг, пред три месеци продал акции на Nvidia во вредност од милион долари, пред да почнат вртоглаво да паѓаат. Уште повеќе заработил демократски конгресмен, кој ги продал акциите кога имале историски максимална вредност, неколку дена пред да избувне скандалот со љубовната афера на Хуанг со кинеска шпионка.

Најновиот финансиски извештај на Доналд Трамп покажува дека претседателот на 21 август годинава продал акции на Nvidia во вредност од 500.000 до 1 милион долари. Од тој датум вредноста на акциите на Nvidia е падната за 29%.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, изјави дека Трамп немал пристап до привилегирани информации за аферите на Хуанг и за потенцијалните последици врз неговата компанија.

Финансиски институции од трети страни независно управуваат со портфолиото на претседателот и ги реплицираат признатите индекси, како што е Schwab 1000, изјави Ингл.

Многу поефикасен трговец се покажал демократскиот конгресмен од Калифорнија, Ро Кана. Платформата што ги следи тргувањата со акции на членовите на Конгресот забележа дека доверенички фонд поврзан со сопругата на Ро Кана извршил две продажби на акции на Nvidia – првата на 4 септември, а втората на 7 октомври.

Акциите на Nvidia достигнаа историски максимална вредност на берзите на 6 октомври. Набрзо потоа избувна скандалот со љубовната афера на извршниот директор Џенсен Хуахг со клиентка за која има сомневања дека била шпион на Кина. Хуанг вчера поднесе оставка, а акциите на Nvidia изгубија 26% од вредноста по неколкудневно панично тргување на берзите.

И претходно, во мај, Кана продал пакети кога акциите на Nvidia ја имаа втората максимална вредност.

Случајот на Кана е впечатлив, бидејќи тој од 2023 година се залага за воведување забрана за тргување со поединечни акции за членовите на Конгресот додека ја извршуваат функцијата. Тој, исто така, е член на Специјалниот комитет на Претставничкиот дом за стратешка конкуренција помеѓу САД и Комунистичката партија на Кина, тело кое ја разгледува безбедносната конкуренција со Кина.

Неговата канцеларија тврди дека Кана немал никакви инсајдерски информации за Хуанг, иако како член на комисијата имал увид во материјали за конкурентноста со Кина.

Ниту конгресменот, ниту некој од неговиот персонал не добиле каков било брифинг за Џенсен или за какви било контраразузнавачки ризици поврзани со Nvidia. Тој немаше апсолутно никакви сознанија за овој инцидент сè додека не беше објавен во „Њујорк тајмс“, соопшти кабинетот.

Трговските активности на Кана веќе беа предмет на проверка. Семејните трустови на Кана извршиле 5.402 трансакции во 2025 година, со обем што достигнува 165,4 милиони долари. Акциите на Nvidia во вредност помеѓу 100.000 и 250.000 долари што ги купила неговата сопруга во февруари 2024 година донела принос од 143%. Организацијата Common Cause го рангираше Кана како трет најуспешен трговец меѓу конгресмените во 2025 година.

13 ноември 2026 - 09:42