Дека споменици за Александар, Јустинијан, Скендербег и други, предвидела токму таа градска коалиција, уште пред десетина години призна и самиот Али Ахмети, чија изјава можете да ја слушнете во статијата “Отчетно, транспарентно и со плочка“.
Да пролистаме сега и службен гласник на Град Скопје, од 2004-та година, број 12:
Нам лично ни чуе за Александар (и како лик и како споменик) ама да штрафат овие што ни го упропастија името, што на Грците им дадоа право ексклузивно право на Македонија без додавки, што потпишаа дека наши Македонци живеат само од оваа страна на границата, што брусат шахти и ставаат плочки?
Воинот на коњ е безобразно голем, комплетно незграпен во тој простор и е еден грандиозен симбол на забеганоста на „доцното ВМРО“и нивното немање усул. Ама Шилегов и Фрчко да нè спасуваат од нешто, од било што? Абе гитла, ерга омнес.
Ние сме Александар Македонски да се тргне, само ако на негово место се постави нешто што уште повеќе ќе ја нервира шовинистичка Грција: споменик на егзодусот од Егејска Македонија, на пример.
Е што друго да ставиме таму, друже Шилегов? Гигантско шише узо, ем Гркот сит, ем малиганите на број?
Патем, знаеш ли дека спомен плочата во Жена парк долго изгледа вака?
***********
Да потсетиме на раните трудови на Петре: