Целото тврдење на групата се базира на фактот дека пресекот на домат (по ширина) потсетува на крст. Заедно со сликата објавена на нивната Фејсбук страна, тие ја имаат и следната порака:
"Јадењето домати е забрането бидејќи тие се христијански. Доматот го велича крстот наместо Алах."
Пораката веднаш предизвикала гнев меѓу египетските корисници на Фејсбук, по што групата морала да ретерира, па дополнително го објаснила своето предупредување дека не им вели на луѓето да престанат да јадат домати, туку само да не ги сечат на начин кој го открива крстот.