Македонштина

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

Автопат „Мед и млеко“

Сцена од Катланово - Скопје

Нашиот Брус од Торонто

Светското кунг-фу го имаше Брус Ли а македонска дијаспора го има Брус Терзиев. „Браќа и сестри, това е Торонто тука, не е заебанција. Погледнејте, е тук живеам јас“ гордо ќе каже нашиот Брус додека жена му го вози од кафана бидејќи ако Брус Ли во филмови тепа, Брус Терзиев во кафана пие. И ни го покажува Торонто со улици, згради и светла, оти кај нас, додека јаваме магариња, од трошните колипки саде газиени ламби светат.