Интернет

Не ви се чини дека интернетот е нешто расипан?

Фејсбук е преполн со шкарт содржини креирани од вештачка интелиганција, Икс се наполни со „слободни мислители“ кои во сè гледаат теории на завери а пребарувачот на Гугл знае да препорача да јадеме камења. Постои и теорија која го објаснува овој феномен. Се вика „еншитификација.“ На нашки, интернетот се избугари.  

Турција не трпи Онлифанс предизвици

Турчинка, веќе активна на Онлифанс, која сакаше да тргне по патот на своите колешки што рушат рекорди по бројот на партнери во еден ден, е уапсена само што ја објави својата намера.

Илон ќе стане газда и на Тикток?

Тикток, кој доколку ништо не се смени во следните неколку денови ќе престане да функционира во САД, е на пат да заврши како уште една интернет платформа во сопственост на Илон Маск.

Мета дозволи ЛГБТ луѓето да се нарекуваат ментално болни

Новите правила на Мета за користење на платформата не им дозволуваат на корисниците како навреда да нарекуваат други луѓе дека се ментално болни, освен ако тие други луѓе не се ЛГБТ.

Фејсбук модератори ја тужат Мета заради трауми

ПТСС, или пост-трауматски стрес синдром (растројство, нарушување) обично се врзува со луѓе кои биле во војна и слични вооружени конфлики каде што виделе злосторства кои оставаат трауми со години откако ќе се вратат дома. Истиот синдром го имаат и оние од првите редови на социјалните медиуми, оние што мора да видат секакви гадости на кои луѓето се спремни.  

Москва тренира гасење од интернет

Русија на еден ден блокирала цели делови од својата држава од пристапување на интернет како дел од проектот за развивање на сопствен „суверен интернет“.

Мета признава дека претеруваат со цензурирање

Директорот за глобални прашања на Мета јавно признава дека не само што цензурираат туку попат прават и големи грешки во проценка на содржини кои решаваат да ги отстрануваат или да ги етикетираат. Тоа го знае секој кому му била скинато нешто од Фејсбук, а било банално или пак да се чудиш што било спорно. Малку претеравме, вели директорот. Не, многу претеравте.

Телеграм ја менува плочата

Четири месеци откако основачот на Телеграм беше уапсен во Париз заради немодерирање екстремни содржини, платформата најави пресврт во своите ставови. По апсењето на Павел Дуров компанијата стана невообичaено кооперативна, прво за ИПП адресите и телефонските броеви, а сега и за материјалите со сексуална злоупотреба на деца.

Во име на децата, контрола на возрасните

Како што пренесовме, австралискиот закон за онлајн безбедност, односно минимална возраст за социјални медиуми, формално се воведува за да се користи проверка на возраста и да се спречат корисниците под 16 години да пристапуваат до социјалните мрежи. Навидум убава кауза но критичарите во тоа гледаат нешто друго.

Бегалците од Твитер ја преплавија новата платформа со барања за цензура

Медиумите деновиве ја пумпаа приказната дека од Твитер се случува егзодус и дека незадоволни од атмосферата, масовно се заминува на новата омилена платформа на прогресивните - Bluesky. За баговите во таа приказна пишувавме во „Колку пати едни исти луѓе можат да го напуштат Твитер?“ Но, има тука уште нешто интересно. Оние што навистина заминааа на Блускај, со себе ги донесоа и своите навики - да кенкаат.

Изборите му донесоа на Рамбл рекордна гледаност

Платформата која ја претпочитаат оние кои биле изгорени од цензура на други платформи убедливо го сруши личниот рекорд во гледаност, иако и за претседателската дебата стоеше одлично. На денот на изборите, Рамбл на нашиот Крис Павловски се промовираше во топ три платформи за стриминг. Има логика бидејќи слободата на говорот станува сè поважно прашање за Американците.

Нормално дека нема луѓе за работа, сите се инфлуенсери станати

Затвори очи и замисли 12 милиони луѓе. Сега замисли дека сите овие 12 милиони по цел ден единствена работа и кариера во животот им е само да бидат инфлуенсери по социјални мрежи. Е овие 12 милиони се само во САД.

Остајте книгите, тинејџерите денес ни интернетот не ги занима

„Мразам да барам на Гугл,“ е еден од честите одговори кои ќе ги добиете од тинејџер кога ќе ве праша нешто а ќе го потсетите на старото правило: „Пред да прашаш некого, прашај го Гугл“. Тие не чувствуваат потреба да бараат нешто, да пребаруваат по интернет, нејќат да знаат „до толку.“ За нив интернетот е она што го добиваат (перфектно алгоритамски сложено баш за нив), на бескрајните фидови по кои треба само да се скрола.

Јутјуб ќе престане на децата од Европа да им покажува фитнес видеа

Европската младина ќе биде заштитена од ужасите на гледање видеа од луѓе кои вежбаат или предлагаат да се вежба, кои Јутјуб одлучи по ново да ги жигоса како штетна содржина.

Русија предупредува дека може да настрада интернетот и ГПС-от

Како одговор за сè подрското западно мешање во војната во Украина, Русија одвреме-навреме предупредува дека ако нејзината територија некој може да се смета за легитимна воена цел, тогаш и таа може за легитимни цели да ги прогласи подводните интернет кабли и системите за навигација. НАТО и Запад знаат дека немаат сериозен бекап план.     

Фејсбук го исфрли од ринг Ричард Докинс

Уште од времето на пандемијата, Фејсбук станува сè поцензурирана платформа чии алгоритми или факт-чекерски партнери во последно време се сè повеќе здивени па се кинат постови и објави без никаква логика. Покрај обичната раја, страдаат и сериозни авторитети. На прочуениот биолог Ричард Докинс му бил скинат целиот профил затоа што многу се мешал во - биологија. 

Има ќар и од две недели детокс од социјални мрежи

Две недели детоксикација од социјални мрежи успеала да ја намали зависноста од смартфони и социјални медиуми, додека во исто време го подобрила физичкото, менталното и општествено здравје кај младите лица.

Документи за гледање порно

Шпанија воведува порно пасоши за деца чија главна задача ќе биде да се спречат малолетниците да гледаат содржини за возрасни со тоа што порно платформите ќе можат точно да ја верификуваат возраста на своите корисници.

Слики на преглед!

Во име на заштита на децата од сексуална злоупотреба, во институциите на ЕУ сè посериозно се тркала предлог кој ќе стави крај на приватноста на дигиталната комуникација. Од оние што користат месинџери, ќе се бара да се согласат сите слики и видеа што ги праќаат да бидат предмет на скенирање, за евентуална пријава до надлежните. Оние кои нема да се согласат, ќе можат да праќаат само текстуални пораки. 

На кинески интернет само скромно, само пристојно

Кина воведе ново нови на цензурирање интернет содржини чија мета се постови кои покажуваат раскош, богатство и величење на пари, а целта на државата е „да се прочисти интернет културата.“

Во „облаците“ на Гугл се испогубија милијарди долари

Во сенка на информациите за девелоперската конференција Гугл I/O 2024, некако слабо помина веста за еден до сега невиден хорор што им се случи на клауд-сервисите на Гугл: некако им се избриша важен акаунт и им требааа речиси две недели да го вратат. Колку важен акаунт? 135 милијарди долари! Што нè потсетува на мудрата: Не постои „клауд“, тоа е само друг нечиј компјутер.

Продолжете да дремете на интернет, здраво било

Интернет пристапот и неговата употреба е постојано поврзана со позитивна добросостојба на корисникот, тврди истражување на податоци од 168 држави што го прави Оксфордскиот интернет институт.

Британија забрани лесни пасворди

„123456“, „admin“ и „password“ повеќе нема да бидат дозволени во Британија, а уредите кои ќе доаѓаат со лесни лозинки ќе се смета дека не ги исполнуваат минималните стандарди за безбедност.

Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

Илон Маск, газда и ЦЕО на Икс кој себе се смета за апсолутист во поглед на слободата на говорот, окако ја купи платформата, дерман нема од битки со држави, агенции и јавни личности на тема што е прифатливо да се објавува онлајн. Ех, што мирно и спастрено беше кога платформата функционираше како филијала на ФБИ (види овде).