Извештај на фирма за сајбер безбедност за состојбата на интернет сообраќајот генериран од вештачка интелигенција покажува дека таа и ботовите ги надмашиле човечките корисници.
„Интернетот генерално е создаден со една основна идеја дека има човечко суштество од другата страна на екранот на компјутерот. Таа идеја многу брзо се менува“, изјави за CNBC Сту Соломон, извршен директор на Хјуман Секјурити.
Автоматизираниот сообраќај, дефиниран како „интернет сообраќај генериран од софтверски системи (вклучувајќи вештачка интелигенција), а не од човечки корисници“, рапидно се зголеми бидејќи луѓето сè почесто им се обраќаат на чет-ботовите со вештачка интелигенција за секојдневни прашања.
Според извештајот, автоматизираниот интернет сообраќај во 2025 година растел речиси осум пати побрзо од човековата активност.
Ширењето на големите јазични модели (ЧетГПТ, Антропик, Џеминај, Перплексити...) одиграл голема улога во сообраќајот со вештачка интелигенција кој се зголемил за 187% од јануари до декември 2025 година.
Извештајот се базира на платформа која обработила преку еден квадрилион интеракции меѓу нивните клиенти. Процесот на квантификација на автоматизираната активност сепак е контроверзен бидејќи не постои целосна база на податоци за интеракциите. Накратко, резултатите од анализата многу зависат од тоа каков ќе биде влезниот примерок.