Не ви се чини дека интернетот е нешто расипан?

Фејсбук е преполн со шкарт содржини креирани од вештачка интелиганција, Икс се наполни со „слободни мислители“ кои во сè гледаат теории на завери а пребарувачот на Гугл знае да препорача да јадеме камења. Постои и теорија која го објаснува овој феномен. Се вика „еншитификација.“ На нашки, интернетот се избугари.  

Ангелскиот поим го скова новинарот и активист Кори Доктороу и означува „постепено влошување на квалитетот на услугата или производот, особено на интернет платформите, како резултат на лакомоста по профит.“

Пак на нашки - претворање на сè во срање.

Доктороу наведува неколку чекори на еншитификацијата (алтернативно: крапификација): онлајн платформите прво се корисни за корисниците, потоа почнуваат да ги злоупотребуваат корисниците за да бидат попривлечни за деловните корисници за на крај и тие да бидат искористени, за да ќарат само газдите на платформите. После тоа, платформите изумираат или затвораат.

Блиску звучи тоа објаснување: на почетокот, услугите или производите се квалитетни за да се привлечат што е можно повеќе корисници, потоа таа база се уновчува преку деловни партнери за постепено да се зголемува маржата а понудата да биде сè послаба. Поентата на ова профитерство е да се земе целото азно.   

Се разбира, искуството ни говори дека не е само интернетот избугарен туку тој закон знае да распаѓа понуди и сервиси во сите можни сфери.

Како совршен пример за компанија која минува низ сите фази на шитификацијата, Доктороу во моментов ја гледа Мета на Закерберг.

Види и:

Нема идеја која не може да се просељачи

20 јануари 2025 - 15:00