Монтираниот говор на Трамп бил дел од емисијата „Трамп: Втора шанса?“ од серијалот „Панорама“ на ББЦ емитувана на 28 октомври 2024 година, една недела пред изборите во САД.
Оние што ја гледале можеле да го слушнат тогашниот претседателски кандидат како од говорницата вели: „Ќе чекориме заедно до Капитолот... и јас ќе бидам со вас. Ќе се бориме. Ќе се бориме пеколно и ако не се бориме пеколно, повеќе нема да имате држава“.
Трамп всушност рекол: „Ќе чекориме заедно до Капитолот и ќе ги поздравиме нашите храбри сенатори, конгресмени и жени“. Парчето со „пеколот“ го кажал дури 54 минути подоцна во сосема друг контекст. ББЦ го покрил „претопот“ со снимка од толпата, за да изгледа изјавата како да е континуирана, а со цел да ги заведе гледачите да помислат дека тој ги охрабрува немирите.
Оваа измама е документирана во досие од 19 страници за пристрасноста на ББЦ, составено од Мајкл Прескот, поранешен новинар и член на комитетот за стандарди на корпорацијата. Досието има интерен карактер и било доставено до владините одделенија. Во досието се истакнува дека дека високи раководители и претседателот на ББЦ игнорирале и отфрлиле низа сериозни критики од сопственото одделение за надзор на стандардите.
Беше целосно погрешно да се монтира клипот на начинот на кој „Панорама“ го емитуваше. Фактот дека Трамп не ги повика експлицитно поддржувачите да одат и да се борат на Капитол Хил беше една од причините зошто немаше федерални обвиненија за поттикнување немири, објасни Прескот.
Доналд Трамп Џуниор, најстариот син на претседателот, ја обвини ББЦ за ширење лажни вести.
Новинарите што објавуваат лажни вести во Британија се исто така нечесни и полни со глупости како и оние во Америка!, објави Трамп Џуниор.
Во документарецот, исто така, се прикажува дека веднаш по говорот на Трамп групата Горди момчиња со знамиња маршира кон Капитолот, за да се создаде впечаток дека толпата го прифатила неговиот „повик за вооружување“. Снимката, всушност била направена пред Трамп да им се обрати на граѓаните.

Керолајн Диненејџ, претседателка на Одборот за култура, медиуми и спорт на Долниот дом на парламентот истакна дека во време на ниска доверба во политиката и во мејнстрим медиумите, државниот медиум има уште поголема одговорност чесно да известува, особено за провокативни прашања.
Овие обвинувања се исклучително загрижувачки и доаѓаат во критичен момент за ББЦ. Комитетот на Долниот дом утре ќе се состане и ќе разговара за импликациите, изјави Динедејџ.
Секретарката за култура Лиза Нанди треба да ги почне преговорите за обнова на Кралската повелба за финансирање на ББЦ по 2027 година. Нанди изјави дека „сите опции се на масата“.
„Телеграф“, кој ексклузивно објави детали од меморандумот, тврди дека ББЦ цензурирала и кроела измамнички извештаи и за други теми, од војната во Газа до трансродовата дебата.