Фериде на почетокот живее во штала, нема една нога, глува е, слепа е, неписмена и сиромашна.
По 100 епизоди, Фериде гледа и слуша.
Во 120-та епизода ќе ѝ израсне ногата.
Во 150-та епизода, станува директорка на банка.
Во 250-та епизода добива напад на слепо црево, сите мажи во серијата плачат.
Во 300-та епизода дознава дека има татко, брат, мајка, очув, јатрва и свекрва, и дека сите тие се многу богати и со самото тоа и таа е богата наследничка. Сите мажи во серијата плачат.
Во 312-та епизода дознава дека татко ѝ, сам на себе си е близнак, а дека мајка и умрела веднаш штом се родила. Сите плачат.
Две епизоди подоцна банкротира банката која ја води, сите ја мразат, таа плаче, сите во серијата плачат. Плаче и режисерот и сценаристот и ко-сценаристот.
Оваа епопеја трае околу 20 епизоди.
Во 340-та епизода, Фериде се враќа во шталата во која се родила и таму гатачката ѝ кажува дека ќе има среќа во животот. Плаче Фериде, плаче гатачката, плачат сите мажи во серијата, плаче и баба ми која ја следи серијата, плачам и јас бидејќи на Фериде конечно и тргна.
На крај, по 500 епизоди, пророштвото се исполнува, баба ми почнува да следи друга турска серија во која, на почетокот Ѓулден живее во штала, нема една нога, глува е и слепа...