Се работи за познатата ситуација полицаец - граѓанин. Запирање, прашување, идентификација....
Да, добро. Ама, може и обратно.
Жител на Вашингтон на свој блог стави видео од една таква негова средба, кога тој му пристапува на полицаец, од оние најчестите, што седат и пишуваат казни. Решава да му постави неколку прашања (бидејќи автомобилот на полицаецот не е прописно обележан) па дури бара и овој да му се легитимира.
Малку му е незгодна целата ситуација, но полицаецот сепак испаѓа пристоен и се легитимира, прашувајќи се да не е ова некоја игра.
Граѓанинот му вика:
"Ова не е игра господине. Ова се вика закон."
Погледнете го видеото:
Непрописно ни поставуваат стапици само за да можат да ни пишат казна за некој банален прекршок. Тоа не е заштита. Како што вика брат ми: "Нивно е да служат и штитат (to serve and protect),а не да малтретираат и да собираат (to harass and collect)", напиша авторот на видеото Гевин Сеим.
Тонч.
Патем, за вашите права и обврски при сообраќајна контрола во Македонија, имате тука.