Решивме да го ставиме овој пристоен филмски наслов дури откако ги испукавме сите пцовки на адреса на македонскиот образовен систем и сите надлежни кои биле вклучени во овој учебник за "Граѓанско образование" за осмо одделение (наводници никогаш не биле попотрeбни). Одиме со еден жолт детал на страна 14, да видите со каква ментална храна се трујат младите додека Владата спрема 450.000 евра за кампања за здрава исхрана.