Боље бити зијан него ќар

На Саша Лошиќ од Плави оркестар (босански бенд кој има долготрајни фанови во Македонија) му биле потребни 25 години за да примети грешка во еден нивен суперхит, по што призна дека добар дел од неговите песни немаат баш некоја смисла. 

И после 25 години безбројни изведувања на еден од нивните најпеени хитови "Боље бити пијан него стар", фронтменот на Плави оркестар не открил сам дека нешто во песната не е логично туку на тоа му укажал некој обожавател.

Во таа песна Лошиќ на почетокот пее "жао ми је што смо били само добри другови", за во рефренот да каже "вино не зна да смо некад били сретни пар".

"Се фаќам јас така да си мислам, 25 години го пеам тоа и никогаш не сум го приметил. И после почнав да копам по песните и гледам дека половина од тоа е комплетно ирационално. Зборовите немаат врска еден со друг, нема дејствие, нема логика. Ама на луѓето им е сеедно," изјави Саша Лошиќ.

**************

Писмо на луѓе на кои им било сеедно "i kad smo maturirali i kad smo diplomirali i kad smo se zenili i kad smo deca dobijali i kad smo zenske menjali i kad se udvarali i u dobru i u lose..." - ТУКА

 

14 јуни 2012 - 15:01