Жената мечтае за шипка

Не е страшен податокот дека 47 проценти од жените фантазираат да бидат стриптизети или да играат на шипка. Страшно е кога имаш чувство дека животот постојано наоѓа начини одново и одново да те спои со оние 53 проценти.

Чувството дека е пожелна е едно од најсилните афродизијаци за жената, вели клиничкиот психијатар Марта Меана од Универзитето во Невада, толкувајќи ги резултатите од последните истражувања според кои речиси половина од жените фантазираат да се соблекуваат пред мажи, да играат на шипка или да бидат дел од харем.

Точно 50 проценти сакаат да задоволат/бидат задоволени од двајца мажи истовремено.

Една од доминантните фантазии кај жените е да бидат неодоливи за мажите. Оттука и желбата да се испраќаат слики од себе кои се возбудливи за партнерот или потенцијалниот партнер.

Ваквата потреба води траг до нашите предци, мајмуните, кои исто така обожаваат да ги покажуваат своите голи аргументи пред оние кои ги посакуваат за парење.

Желбата на мажите да им се покаже својата неодоливост се поврзува и со последните бранови голи фотки кои "ненемарно" истекоа од приватните фото архиви на некои познати женски како Ријана, Џесика Алба, Шарлиз Терон, Скарлет Јохансон и други.

"Јас сум како и другите жени, го сакам своето тело и убаво ми е да ви покажам." Според психолозите, ова е главниот мотив кој ги тера познатите  жени да споделат со јавноста голи фотографии од себе на кои се горди.

Истражувачите паметно решиле да не трошат пари на истражувања дали мажите сакаат да гледаат такви фотографии.

 

 

26 мај 2012 - 13:40