Љубов и секс

Луѓето сакаат цртани

Порнхаб ја обелодени својата најнова листа на најпребарувани поими. Долгогодишниот шампион е симнат од тронот. Лезбејка, терминот кој неколку години го држеше првото место, во последната година е паднат на четвртото место. А ние изгледаме старееме, бидејќи иако порнофили, некои нови термини веќе не ни се јасни. Што е бре „скромен секс“?

Што е следно после „Асексуалниот Прајд“?

„Колку помалку Прајдот ни служи нам, толку повеќе жени ќе се собираат на друго место,“ вели лезбејка за овогодинешната Парада на гордоста во Лондон која како меинстрим настан, сè повеќе е во челуста на транс-идеологијата. Порано геј луѓето требаа да се пазат од џандари и сељачаана, денес се пазат „од своите.“ 

Од изненадени жени, оваа

Мајка на две деца (едното 2, другото 3) останува трудна и оди да се прегледа на гинеколог. После прегледот е мајка на две деца што чека уште пет.

Јужна Кореја е 75.000 долари сериозна за нови бебиња

Јужнокорејски компании решени да го запрат драматичниот пад на новороденчиња во земјата почнаа да даваат бонуси од 75.000 долари на семејствата кои имаат деца.

Германија повеќе не сака да биде „борделот на Европа“

Повеќе од две децении откако беше легализирана, германските политичари сега бараат начин како да ја забранат проституцијата, бидејќи државата почнала да станува „борделот на Европа“.

Германците се зафатија со егзистенцијалните прашања за државата

Германски студенти деновиве гласаа околу едно од најгорливите прашања што ги тангира во 2023: дали во јавните тоалети во еден тамошен универзитет треба да се постават „глори-холс“ за анонимен секс.

Женска, сакаш да се тупиме за климата?

Женска од Портланд, во гостински есеј објавен во Њујорк Тајмс, објасни зошто уште на првиот состанок со дечко, на маса ја вади темата за климата и климатските промени. И дека ако тој не ја дели нејзината опсесија со глобалното затоплување, нема шанси да продолжи со него.

Конечно нешто корисно од вештачката интелигенција

Ќе го прашаш четботот што сакаш и тој ќе ти одговори бидејќи сè знае. Големо чудо. Сè знаат сите  пред која било маалска кооперација. Ова е нешто друго. Сексуална играчка да можеш да ја управуваш со своите мисли. И не е развивана и тестирана на некој далечен и туѓ скандинавски мозок, туку на балкански мозок, во Србија.  

Науката почна да ги брише жените

Една од најпрестижните научни институции на светот Универзитетот Џон Хопкинс, објави нов водич за инклузивен говор, во кој зборот „жена“ магично исчезна во описот на терминот лезбејка.

Интелигенцијата е хендикеп за секс

Теоријата вели дека жените за секс одбираат паметни мажи и заради сопствен ќар и заради еволутивно подобрување на гените на нашиот вид. Ако беше така, човештвото требаше да станува сè попаметно. А свртете се наоколу и ќе видите - не е така. Не само што интелигенцијата не помага туку закономерноста оди во спротивна насока.  

Инекција која те напалува

Хормонот кој природно се појавува и ги прави луѓето да се чувствуваат сексуално напалени, научници успеале да го претворат во инекција за оние кои имаат проблем со либидото. И не само напалени, туку се чувствувале и попривлечно. Оф, кој ќе ги трпи таквите.

Mлади мајки веќе никогаш нема да треба да плаќаат данок во Унгарија

Секоја жителка на Унгарија што ќе роди дете пред 30-годишна возраст до крај на животот нема да треба да плаќа данок на приход, гласи една од мерките на унгарската влада за зголемување на наталитетот во земјата.

Не издржа срце јужнокорејско

Јужна Кореја се обиде да си наметне сама на себе забрана за увоз на секс-кукли со реална големина. Се обиде.

Законот што ќе го избрише порното

Американски сенатор пушти предлог закон чија главна намера е да се редефинира што точно се смета за „непристојна содржина“, а потоа и што да се прави со истата.

Политика за возрасни (+18)

На изборите за конгресмен од Менхетен, на пат да победи кандидатот на Демократската партија. Неговиот ривал, независниот кандидат Мајк Иткис, прибегна кон радикален потег за да го привлече  вниманието на гласачите: сними порно филм. Се молат локалните политичари да не помислуваат на истото, оти тие, уште порното ни го немаат огадено.

Лана Роудс бара порно индустријата да се забрани

Некогашната порно ѕвезда позната под псевдонимот Лана Роудс, јавно побара забрана на порно индустријата, за време на гостувањето на подкастот The Skinny Confidential Him & Her, каде сподели дел од искуствата од прва рака од кои повеќето не се за особено величење. 

Правото на абортус падна пред Врховниот суд на САД?

Судската одлуката во спорот Роу против Вејд беше основата врз која повеќе од 50 години САД го гарантираа правото на абортус до 6-ти месец. Во јуни одлуката престанува да важи.

Регионален татко на денот

Стариот може да каже дека работата му била мед и млеко иако де факто, работел само со млеко. ДНК тестови покажале дека разнесувачот на млеко, Рендал Џефрис зачнал 800 деца во Сан Диего и околината.

Тоа што треба да го учат од сексуално образование, децата го учат од „насилно порно“

Деца и на возраст од 11 години своето сексуално образование го добиваат по сопствена програма и тоа од порнографија, предупредуваат експертите за сексуално здравје. Тие објаснуваат дека како резултат на ова се повеќе млади сметаат „дека сексот треба да биде насилен“.

Не си прав феминист ако не направиш вазектомија?

Ако веќе се доживуваш себе како сојузник на жените, време е со дела да застанеш зад своите ставови и да направиш вазектомија, порачува колумнистката на Гардијан, Џил Филипович.

Формула за дебела љубов

Не дека ни требаше истражување да ни докаже дека на некои жени не им пречи дебелината на мажите, сè додека им се дебели и паричниците, ама сега нашле и формула за тоа.

Амстердам ќе прави трговски центар за проститутки

Планот е сите проститутки од градот да се преселат на една локација вон градот, во објект од 5.000 метри квадратни, кој би работел по едношалтерски систем.

Французи ќе треба да вадат дозвола за порно во трафика

Откако решија дека тоа што ќе кликнеш дека си полнолетен не е доволна заштита за малолетници, Французите сега ја разгледуваат опцијата секој да оди до локалната трафика и од таму да подигне дозвола за гледање порно на интернет.

Не е лесно да си маж во Нигерија

Пошто од мажите се очекува да бидат галантни со пари кога се среќаваат со девојка и тоа им правело притисок, направиле „Лига на штедливи мажи.“ Да подобјасниме: на англиски е „stingy“, на женски е „стипси“, а на машки - „домаќини“.