Љубов и секс

За порно што правиме?

Снимањето спорадично продолжува по разни студија, меѓутоа за сега нема МИЛФ-ови, нема групњаци а и некои други тагови ќе бидат ставени на пауза. Не дека се во дефицит, ама нови нема да има.

Швајцарија до проститутките: Работете но држете социјална дистанца

Сексуалните работнички во Швајцарија од следната недела ќе можат да продолжат со работа (кој сака, може и од дома). Подготвени им се и соодветни протоколи со препорачани практики за држење социјална дистанца. Во мирнодопски времиња тоа се викаа пози.

Нов Зеланд не седи со празни раце

Како и сите низ светов, така и жителите на Нов Зеланд направија залихи на тоалет хартија и брашно. За разлика од сите низ светов, жителите на Нов Зеланд направија и залиха на секс-играчки. Веројатно против монотонија.

Медицинска препорака од Њујорк: Мастурбирајте

Иако пуританци и разно-разни верски задрти и сега ќе ве убедуваат дека ѓаволот не се крие во деталите туку во раката, државна здравствена организација од Њујорк ги потсети луѓето на ноторниот факт дека во вакви моменти, сами себе си се најбезбедниот сексуален партнер.

Не бидете ѓубре, помислете на бившите за Валентин

Не е важно како завршиле работите, важно е дека за овој Валентин имаш шанса да се покажеш дека ти си поголемиот човек и дека си над целата работа со тоа што - за 5 долари ќе крстиш бубашваба по бившиот/бившата.

Како изгледа победа за стриптизети на Супербол

До глуждови во пари беше крајниот исход на подиумите на некои од стриптиз клубовите во Мајами по завршувањето на Супербол натпреварот во неделата што се одржа на Хард рок стадионот во градот.

Славој Жижек: Нормално е сексуалноста да е перверзна

Феминистичкото отфрлање на Фројд води кон една залудна желба сексот докрај да се рационализира бидејќи тој во суштина е перверзен. Политички коректните препораки да не се зборува за убавото и убавите луѓе (да не би биле објективизирани) не им помага ни на грдите, порачува Жижек.

После #МеТоо нема каење

Сенаторот на демократите и поранешен комичар, Ал Франкен, поднесе оставка на својата функција во 2017 во времето кога МеТоо движењето беше во врвот на својата сила. Малку повеќе трпение, истрага и анализа (каква што заслужува секое сериозно обвинение) покажа дека сето тоа било избрзано.

Кувајтски лек за хомосексуалност, со драгичка

За лекот:„Тој е чиста наука и нема тука срамење“, вели изумителот, инаку докторка. За драгичката: се работи за чепчиња.

Идентични близнаци, идентична алиментација

Бидејќи двјца идентични браќа од Бразил не сакаат да кажат, или пак не знаат кој е таткото, а тоа не може да се докаже ни со ДНК тест, судија решил и двајцата да одвојуваат од плата за растење на бебето.

Животот пишува стереотипи

Во приватна клиника сред Париз почина 65-годишниот милијардер трговец со дијаманти Ехуд Ланиадо. Причина за смртта е срцев удар, причина за неговото присуство во клиниката Ланиадо би сакал да се проблеми со срцето.

SFW Порнхаб

Дечко си отворил канал на популарната порно платформа (доволно е да им испратите фотографија од себе со напишано име и презиме) и почнал да става видео клипови надевајќи се на нив ќе налетаат луѓе на кои ќе им дојде добро да одморат рака. 

Ќе има кондоми во боја!

Сеа ќе си речете, види ги овие колку се овие назад со материјалот бидејќи одамна има и кондоми во различни бои и во различни вкусови. Полека. Вакви бои досега немало и верувајте, не сакате да ги видите на својот кондом. А за вкусовите, нели, не се расправа.

Што правиме кога човекот што треба да ја спаси Земјата е негативец на #MeToo?

Изминативе денови неколку жени излегоа со обвиненија против научникот Нил Деграс Тајсон за сексуално малтретирање кои се движат од силување во дрогирана состојба до непосакувано допирање. Обвинувањата се протегаат во период од 30 години, и благодарејќи на #MeToo успеваат да соберат внимание од јавноста иако една од жените го има објавено својот случај уште во 2010.

Остај сине, каква журка беше, можеше мамут да излезеш

Непребирливоста на човекот во однос на партнерите нова студија ја регистрира уште во времето на праисториските луѓе и истите ги цинкари дека не пребирале многу дали ќе спијат со човек или со неандерталец.

Републиканците и Демократите имаат различни сексуални фантазии

Она што ги спојува двата спротивставени политички табора во САД е што имаат сексуални фантазии со ист интензитет. Ама кога станува збор за содржината, тука веќе сериозно се разликуваат и тој избор изгледа има врска со нивните партиски и иделошки вредности. Не сме особено љубопитни да ги откриваме локалните сдсм-вмро специфики бидејќи некако е јасно кој во нивните глави е ебаната страна.

Вива Лас Вегас, индид!

Лас Вегас на почетокот на јуни ќе се обиде да сруши еден рекорд поставен од Јапонците. Тие пред 12 години собраа 500 луѓе, овие планираат да пукнат барем илјадарка. Самци СТОП.

Чисто лавабо долга љубов

Од сега како емпириски докажан факт стои дека миењето садови предизвикува повеќе проблеми во врска отколку која било работа што треба да се заврши по дома.

Наскоро ќе одите на нотар пред да се залапате

Во Шведска законот за силување ќе се промени така што тужениот ќе мора да докажува невиност. Законот практично се сведува на тоа дека ако не се добие експлицитна вербална потврда или демонстрација (како ли па тоа ќе се дефинира?) за желба за секс, една од страните може да тврди дека е силуван/а.

Кориснички коментари на корисници на проституција

Тоа што е најстара професија на светот, не значи дека не може да се апдејтира. Професионалките сега не треба само да ги истрпат клиентите во нивните интимни сесии, туку и подоцна да читаат што за нив пишале овие и како ја оцениле нивната трудољубивост.

Марионка, личи на уморна

Иако капнати од работа, Јапонките не се откажуваат од бракот и идејата еден ден да најдат маж и да засноваат семејство. Проблемот е што капнати од работа, уморни се да го бараат.

Италијанката што се ожени самата со себе

Со 41 година и пукнат филм од чекање на правиот маж, Италијанката Лаура Меси направи свадба со самата себе, нешто кое стручно се нарекува - сологамија и е подеднакво забрането како полигамија.

Колку многу порно е премногу порно?

Без да се навлегува во детали за сите можни демографии, предложеното правило што треба да се следи е: ако можеш да завршиш работа без лаптоп пред тебе, веројатно си ок.

Секс ко секс, просечен

Утехата за сите е дека сите сакаат да зборуваат за тој еден или два или пет пати кога направиле некаков подвиг во кревет, а сосема лагодно ги прескокнуваат месеците суша или потпросечните партии што ги имале.