Велат дека не е паметно да се носи политиката во спалната соба, но таа веќе е таму, заедно со останатиот багаж кој човек го носи со себе.
Според досега најголемото и најсеопфатно истражување на сексуалните фантазии во САД, произлегува дека Демократите и Републиканците се препуштаат на тој сладок грев со иста рата (неколку пати неделно), но темите на нивното фантазирање се разликуваат по партиски линии.
Републиканците најмногу фантазираат за секс надвор од брачната заедница. Тагови: превара, секс на забави, оргии, менување партнер, воајерство, свингерај, каколд...
Од друга страна, Демократите преферираат фантазии кои вклучуваат доминација и игри на моќ. Тагови: доминација, врзување, покорување, садо-мазо....накратко БДСМ. Особено мазохизам, фетиш по кој најдрастично се разликуваат од колегите фантазери од другата банда.
За да објасни зошто фанови на две политички партии толку би се разликувале во сексуалните фантазии, истражувач од Институтот Кенси посегнал по нивните партиски програми. „Забранетото овошје“ се чини дека е клучен експликативен поим. Луѓето често фантазираат за она што не им е дозволено, она што не би смееле да го имаат.
Токму затоа, на Демократите, кои се колнат во еднаквост, им е интригантна доминација и покорување, нешта што би биле неетични во нивните политички погледи. Од друга страна, Републиканците на кои бракот и семејството им се свети вредности, во мислите најчесто шараат надвор од тие традиционални стеги.
Инаку, самите политичари ретко се предмет на сексуални фантазии меѓу политичките фанови. Па сепак, меѓу оние кои имаат такви, еден од тројца Републиканци фантазирал за политичар од другиот табор додека кај 17% e тоа случај кај Демократите.
Најчесто спомнувано име на политичар поврзано со сексуални фантазии е Републиканката Сара Палин. Со напомена дека во истражувањето не бил понуден Трамп. Да чуеме уште дека и за него масовно сексуално се фантазира па со мирна совест да си се кастрираме.