Веб класици

Струмичка азбука

Логопедска вежба. Пробајте да го изговорите брзо и течно:

- ИЗДЕЗДОРАНСИРАЛИСЕ?

Со оглед на тоа што македонскиот јазик е во сè поголема опасност да исчезне (не заради Грците и ЕУ туку заради тоа што ужасно малку вредни работи се создаваат на него), да се свртиме кон најжилавите делови на секој јазик - дијалектите.

Овојпат, лекција по струмички, наречје кое, ако не го познаваш, ќе паднеш во параноја дека намерно ти кажуваат некакви пасворди.

A – Армас – Ми се ареса момичката у бојо шо беше на армасо!

Б – Б'лтии – Баја дрва си исцепал со балтиита.

В – Вонка - Ај поварки оти вонка е кокл.

Г - Гуничка. Дет'то се испотило оти играјале гуничка.

Д – Диско. Толкоо далдисан, шо го соборe диското!

Ѓ – Ѓети. Со новите ѓето шлапна у ѓоло.

Е – Енус. Енус ли ќе се чинуваш?

Ж – Жвака. Ного са вирани тии жваќи.

З - Загуљн. Толкоо загуљан, шо не може да го наа чарпако.

Ѕ – Ѕнѕрлии. Ного се погоди тва слаткото од ѕнѕрлии.

И – Иљинџе. Ијгидии, види гледат си иљинџето.

Ј – Јадранка. Скинна тее јадранката.

К –Курем. На калимаанта га боле куремо. Видех јас, не и чурлаше клунко,
измрзналаа.

Л – Лнгиди. Курдисааме со су сваќата на лангиди кај комшиита.

Љ – Љимонтабатлии. И бати љимонтабатлиита, чувек не може да се нашале су него.

М – Мска. Малее, вонка мска.

Н – Нас'ј – Нас'ј бе јадееме мрфки на саиро.

Њ - Њух - Чувек бее... ццц њух..... е саа ме разучара!

О - Ожлембан. Шо са ожлембал бе, испуштииме рејзо. Амселак!

П – Пачавица. Су пандуфлите си ги чинувша пачавиците.

Р – Ронка. Сафи ронки си направил на земната.

С – Сичко. Стига су таа скама, сичко расчина.

Т – Тинкии. Тортоп станаа тии тинкиите.

Ќ – Ќирфии. Не ме ѕифки ного. Ќе зеем су керфии ќе те заковам за џамо.

У – Ујдисе. Мале ни едни папуци не можам да си ујдисам. Сите ми праат пљуски.

Ф – Френки. О хо хо... фасуљ со кисели френки!

Х – Х'лхопки. От тај тељо сукинах си х'лхопките.

Ц – Цреп. Мутав си как цреп.

Ч – Чушки. Не се прај ного чишит. Ак те фанам ка крадеш чушки ќе те маам со чикичо...

Џ – Џрџанаци. Спрустирал руби вчера вонка, заледиле му се џарџанаците.

Ш – Шпирто. Не ми шмити ного ного, најди шпирто и завали го огино.

ТРЕБА ПРЕВОД?

A – Армас – Ми се аресе момичката у бојо шо беше на армасо!
Веридба. Ми се допаѓа девојката во сукната што беше на веридбата!

Б – Б'лтии –Баја дрва си исцепал со балтиита. Дава бијам оти е иссабана.
Секира. Многу (или доста) дрва си нацепил со секирата. Има знаци дека е истапена.

В – Вонка - Ај поварки оти вонка е кок'л.
Надвор. Ајде побрзај оти надвор е многу студено.

Г - Гуничка. Дет'то се испотило оти играјале гуничка.
Брканица. Детето се испотило оти играле брканица.

Д – Диско. Толкоо далдисан, шо го собори диското!
Послужавник – Толку многу е занесен, што му падна послужавникот!

Ѓ – Ѓети. Со новите ѓети шљапна у ѓољо.
Дебели (волнени, плетени) чорапи. Со новите чорапи стапна во вирот.

Е – Енус. Енус ли ќе се чинуваш?
Дури сега. Дури сега ли ќе се онаквиш? Сега ли ќе се правиш?

Ж – Жвака. Ного са вирани тии жваќи.
Мастики. Многу се лоши тие мастики.

З - Загуљн. Толкоо загуљан, шо не може да го наа чарпако.
Заостанат. Толку е заостанат, неможе да ја најде црпалката (кутлачата).

Ѕ – Ѕ'н'ѕ'р'лии. Ного се погоди т'ва слаткото од ѕ'н'ѕ'р'лии.
Кајсии. Многу е погодено тоа слаткото од кајсии.

И – Иљинџе. Ијгидии, види глеет си иљинџето.
Сеир, мајтап. Леле, леле, види како гледаат сеир. Леле, леле, види како тераат мајтап.

Ј – Јадранка. Скин'на тее јадранката.
Апостолка, римјанка (летна обувка). Апостолката ти е скината.

К –Курем. На каљимаанта га боле куремо. Видех јас, не и чурљаше кљунко,
измрзналаа.
Стомак. На кумата ја боли стомакот. Видов јас, не и чуреше оџакот, настинала.

Л – Л'нгиди. Курдисааме са су сваќата на лангиди кај комшиита.
Мекици. Отидовме со сваќата на мекици кај комшијата.

Љ – Љимонтабатлии. И бати љимонтабатлиита, чувек не може да се нашале су него.
Намќор. Ебати намќорот, човек неможе да се пошегува со него.

М – М'ска. Малее, вонка м'ска.
Светка. Молска (од гром). Леле, леле, надвор светка.

Н – Нас'ј – Нас'ј бе јадееме м'рфки на саиро.
Навистина. Навистина јадовме парчиња месо на прославата.

Њ - Њух - Чувек бее... ццц њух..... е саа ме разучара!
Промашување. А бе човек... ццц промашување.... е сега ме разочара!

О - Ожлембан. Шо си са ожлембал бе, испуштииме рејзо. Амсалак!
Исклештен насмеан. Што си се исклештил, го испуштивме автобусот. Абдал еден (суртук)!

П – Пачавица. Су пандуфлите си ги чинув'ше пачавиците.
Ногавица (на панталони). Со влечките си ги онакваш ногавиците.

Р – Ронка. Сафи ронки си направил на земната.
Трошка. Многу трошки си направил на земјата.

С – Сичко. Стига су таа скама, сичко расчина.
Сé. Доста со таа сапуницата, сé распипа.

Т – Тинкии. Тортоп станаа тии тинкиите.
Ламарина. Ламарините се растурија.

Ќ – Ќирфии. Не ме ѕифки ного. Ќе зеем су керфии ќе те заковам за џамо.
Клинци. Не ме провоцирај. Ќе земам со клинци ќе те заковам за прозорецот.

У – Ујдисе. Мале ни едни папуци не можам да си ујдисам. Сите ми праат пљуски (плиги).
Одговара. Леле, не можам да си најдам чевли што ми одговараат. Сите ми прават плуски (рани).

Ф – Френки. О хо хо... фасуљ со кисели френки!
Домати. О хо хо ... грав со кисели домати!

Х – Х'лхопки. От тај тељо сукинах си х'лхопките.
Хулахопки. Од таа жицата си ги скинав хулахопките.

Ц – Цреп. Мутав си как цреп.
Саксија. Глупав си како саксија.

Ч – Чушки. Не се прај ного чишит. Ак те фанам ка крадеш чушки ќе те маам со чикичо...
Пиперки. Не се прави многу итар. Ако те фатам како крадеш пиперки ќе те мавам со чеканот...

Џ – Џ'рџанаци. Спрустирал руби вчера вонка, заледиле му се џарџанаците.
Јајца, тестиси. Пружал алишта вчера надвор, му се заледиле тестисите.

Ш – Шпирто. Не ми шмити ного ного, најди шпирто и завали го огино.
Ќибрит. Не туку шетај многу, најди ќибрит и запали го огнот.

----------------------------------------------------
Реакција од Струмица:

- Абе, не ме заебави, половина од тии зборове не се користат нипа ги знааме.

Струмичка реплика на струмичката реакција:

- А ти баш ут Струмица ли си? Да не си ут сеелта? Пинук ли си, бе? Ти като да си ут некоо село, така ми даваш бијам су маабето. Там тии зборове ни ги знаате, ни па ги куристате. Вии там друкше си гуворате.

-------------------------------------------------

За крај, логопедската вежба.

Пробајте да го изговорите брзо и течно:

- ИЗДЕЗДОРАНСИРАЛИСЕ?

Во превод: Дали стави дезодоранс?

 

15 јули 2014 - 14:20