Навивачки нереди имало и ќе има, но она што се случи синоќа на култниот стадион „Велодром“ во Марсеј е за секоја осуда. Група од неколку стотини хулигани на домашната екипа тргнале од својата трибина кон трибина на која биле сместени гости (спонзори, пријатели на клубот Левски Софија и нивни семејства) и ги нападнале со разни предмети.
Гостите од Бугарија својот спас тргнале да го бараат бегајќи од ложата кон гостинскиот сектор кој е на крајот од таа трибина но поради високата заштитна ограда не можеа да стигнат до навивачката група на Левски Софија и да се спасат.
Во целиот хаос повредени биле 11 бугарски државјани од кои некои и со убоди од нож. Четири лица биле задржани во болница во Марсеј. Во хаосот беше нападната и жена од Бугарија која го извлече подебелиот крај за што сега навивачите на Марсеј се осудени од сите страни.
РЕАКЦИЈА НА ЛЕВСКИ СОФИЈА, МАКРОН, БОЈКО БОРИСОВ...
L'Équipe без поголема осуда на дивјаштвото на хулиганите на Олимпик Марсеј пишува: „Бугарските навивачи повеќе пати ги провоцираа навивачите на Марсеј предизвикувајќи судири - со употреба на удари со нозе, со тупаници па дури и со апарати за гаснење пожар кон навивачите на Марсеј кои го напуштија својот сектор со цел да возвратат“.
Ce jeudi soir, des supporters bulgares du Levski Sofia ont effectué des saluts naz1s, poussé des cris de singes et entonné des chants racistes dans l'enceinte du stade Vélodrome. 1/2 https://t.co/kHtXCz9ihr
— Cerveaux non disponibles (@CerveauxNon) November 26, 2026
Некогашниот премиер на Бугарија Бојко Борисов утрово пред новинарите во бугарскиот парламент го коментирал дивјаштвото на „Велодром“ и рекол дека ќе побара од Собранието општа декларација за осуда на нападите врз бугарските навивачи во Марсеј.
„Добро е што парламентот ќе има општа декларација за осуда, морам тука да ги разграничам моите клупски пристрасности и како навивач на Левски. Не сум видел ниту хутите во Саудиска Арабија да бидат како тие француски државјани. И не само што не му благодарам на Емануел Макрон и не можам да се согласам со Радев кој побрза да му благодари на Емануел Макрон кој е навивач на Олимпик Марсеј. Заедно сме гледале натпревари. Сметам дека француската полиција, француската управа на Марсеј поточно францускиот клуб во случајов Олимпик Марсеј треба да бидат исфрлени од турнирот.
Воопшто не требаше да излезат фудбалерите да играат на тој стадион пред таа публика. Тие не заслужија да го гледаат Левски. И тука реакцијата на УЕФА треба да биде брутална. Ако сакаат утре тоа пак да не се случи. Зошто Левски игра без публика само зошто викале преку оградата. И ако на ист начин не го анулираат резултатот од овој натпревар и не дадат службена победа на Левски, сето тоа значи дека потклекнале пред некои. Никаква благодарност за медицинската помош. Сето тоа е океј ако на улиците имало инциденти. Но ова беше внатре на стадионот.
Тоа беше и на Хејсел парк. Лудо е да благодариш за тоа што се случило. Ова беше варварски акт. Уште да им благодариме што ни пружиле медицинска помош, а тие ги оставаа да умрат таму. Тие целите беа во крв. Ги гледав снимките кои ми ги праќаа пријатели од таму. Такво нешто не сте виделе. Ние ги имаме најхуманите навивачи во споредба со тие павијани. Е така треба да почне декларацијата кон тие луѓе“, рекол Борисов кој додал и дека разговарал со поранешниот играч на Славија Софија Николај Божов „кого го гонеле со ножеви да го колат а тој среќа е пргав па како мајмунка скокал од спрат на спрат по стадионот“.
СЕ ОГЛАСИЛ И МАКРОН
Францускиот претседател Емануел Макрон испратил остра реакција од највисоко државно ниво и заедно со бугарската претседателка Илијана Јотова ги осудиле нередите во Марсеј, пишува Le Parisien.
Со соопштение од Елисејската палата, Макрон нагласил дека такво насилство нема место ниту во спортот ниту во јавниот простор и најостро го осудил.
Макрон разговарал и со бугарскиот премиер Румен Радов со кого се на самит во Брисел и додал дека „тие дејства нема да останат неказнети“.