Дечки, можеби Лига на шампиони и не е за вас

Чешкиот шампион Славија Прага постави нов антирекорд во Лига на шампиони откако и на 24-ти натпревар по ред не забележа победа. Чесите синоќа изгубија дома 0:1 од Виљареал и ја продолжикја серијата без триумф која долго им трае. А Слован има тринаесет порази по ред.

Екипата предводена од Индрижих Трпишовски изгуби од Виљареал дома 0:1 и стана рекордер по број на натпревари без победа во историјата на Лига на шампиони.

Клубот од Прага има само една победа во ЛШ и тоа на своето деби во најдобро друштво, на 19-ти септември 2007-ма година кога ја победија ФКСБ (Стеауа Букурешт) со 2:1. Од тогаш наваму 24 натпревари по ред се без триумф.

Авторот на првиот гол на Славија Прага во Лига на шампиони, Зденек Шенкерик ја завршил кариерата уште пред 13 години, а стрелецот на победничкиот гол Тиџани Белаид сега игра во првенството на Реинион, остров во Индискиот океан.

Следен ривал во Лига на шампиони им е Баерн во Минхен на 8-ми декември. 

Од тогаш Славија Прага одиграла нерешено на осум натпревари а пораз претрпела на 16 натпревари. За тоа време екипата се сретнала 19 пати со клубови од Топ 5 лигите (Арсенал, Интер, Барселона, Борусија Дортмунд и други). Имале пет шанси со екипи со понизок или ист статус со нивниот но и таму не успеале: 1:1 со Стеауа, 2:2 со Боде Глимт, 1:4 со Пафос, 0.2 со Сабах и 2:2 со Фенербахче.

Најблизу до прва конечна победа беа против норвешки Бодо Глимт кога до 78-ма минута водеа 2:0 но примија два погодоци на крај. Ако тогаш победеа антирекордот ќе останеше кај Стеауа Букурешт: Романците не победиле на 23 натпревари по ред во Лига на шампиони од 2006-та до 2013-та. Таа серија уште не е прекината но Стеауа веќе 13 години не стигнала до Лига на шампиони.

ТРЕНЕРОТ Е УСПЕШЕН ДОМ, НО НАЈНЕУСПЕШЕН ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Предводникот на Славија Прага Индржих Трпишовски ниту еднаш на 19 натпревари на колку што седел на клупата не победил - тоа е најдолга неуспешна серија на тренер во историјата на Лига на шампиони. Претходно Олег Романцев имал 17 натпревари без триумф по ред од 2000-та до 2002-ра но конечно ја прекинал серијата по победата на Спартак Москва 4:1 над Арсенал.

Славија Прага со само 1 освоен бод е на претпоследно место во Лига на шампиони. Пред нив се и Викинг и АЕК и ЛАСК и Сабах и Слован Братислава.

Не дека е нереално но Чесите ќе треба да се потрудат да стигнат до доигрувањето - пет бода заостануваат на три кола пред крај на групната фаза во ЛШ. Но ги чекаат Баерн и Порто на гости и дома Астон Вила.

И СЛОВАН РИЗИКУВА АНТИРЕКОРД

Во 5. коло словачкиот првак Слован Братислава изгуби од Бетис 0:2 во вторникот и тоа е нивен 13-ти пораз на 13 натпревари во Лига на шампиони. Дебитираа во ЛШ во есента 2024-та, ги изгубија сите натпревари а 7 од нив мошне убедливо.

На страна ривалите од Топ5 лигите но Слован Братислава губеше и од Динамо Загреб, и од ЛАСК од кого примија 13 гола: 5:1, 4:1 и 4:0. Слован изгубил 13 натпревари со гол разлика 8:46.

Со 13 порази по ред во ЛШ Слован Братислава го повтори антирекордот на Марсеј. Французите имаа неуспешен период од зимата 2012 и откако го совладаа Интер во осминафинале (1:2, 1:0) им почна неславната серија од 13 порази по ред: два пати во четвртфинале од Баерн Минхен, па по два порази од Борусија Дортмунд, Арсенал и Наполи во сезоната 2013/2014 а потоа и по два порази од Порто и еден од Олимпијакос и Манчестер Сити во 2020-та.

Конечно победија со 2:1 против Олимпијакос иако први примија гол па со два погодоци од пенал на Дмитри Паје славеа.

Слован сега го израмни антирекордот на Марсеј а за две недели ќе се знае дали ќе го продолжат. Ги чека домашен натпревар против Шахтјор. Потоа ги чека гостување кај Лил и домашен дуел со Интер.

26 ноември 2026 - 10:15