Халанд во правен проблем со полски електричар

Норвешкиот центарфор Ерлинг Халанд пред три години дознал дека еден електричар од Полска го користи неговото презиме во свои комерцијални цели. И тргнала правна битка.

Компанијата “Хај Адвансд Активити Ленд“ работи во Норвешка од 2022-ра година и се занимава со продажба на широка палета производи меѓу кои највеќе протеински суплементи и енергетски пијалаци.

На прв поглед не делува ништо поинаква од останатите фирми од таа делатност но на втор поглед и тоа како е поразлична.

Основачот смислил необична скратеница, односно комбинацијата на почетните букви на фирмата го даваат името Haaland (како презимето на славниот норвешки центарфор) и така е запишана во деловниот регистер што е проблематично за фудбалерот на Сити и репрезентативец на Норвешка.

Приказната доаѓа до името Михал Вас - полски електричар кој работи во Норвешка и тој е најголема главоболка за голгетерот на Сити и неговите деловни амбиции.

Откако дознал дека во Норвешка постои фирма под името „Халанд“ тој во 2023-та година решил да оди на суд и да го заштити своето име преку правни процедури.

Тогаш Полјакот се соочил со 16 точки на обвиненија. Во меѓувреме поточно во септември 2025-а EUIPO (Европскиот завод за заштита на интелектуалната сопственост) пресудил во корист на Ерлинг Халанд а во мај годинава стигнала уште една добра вест за високиот шпиц - жалбата на Полјакот била одбиена од судот.

Но случајот уште не е готов.

Михал Вас тврди дека неговиот бренд немал ама баш никаква врска со Норвежанецот туку напротив дека скратеницата ХАЛАНД потекнува од High Advanced Activity Land како што е името на фирмата.

На 22-ри јули 2026-та Вас поднел жалба во Општиот суд на Европска унија и барал да се поништи одлуката на Европскиот завод за заштита на интелектуална сопственост. Така правниот спор продолжил.

Сега се чека да се види што ќе каже Европскиот суд.

25 ноември 2026 - 09:06