Серијата The Office (концепт и дело на Рики Џервеис, подоцна и со американска верзија со феноменалниот Стив Карел) е по сите параметри успешен ТВ производ меѓутоа од оние кои никогаш нема да бидат планетарно познати од старо и младо, тоест од шуто и рогато.
The Office или ти станува битен нишан со кој ги споредуваш останатите работи или ти е тоа уште една безвезе серија која си ја почнал и си прекинал да ја гледаш. Или стануваш нејзин апостол па ја шириш каузата на свои одбрани луѓе или ја забораваш одма а кога ќе те потсетат на неа, оценката ти гласи: Глупости бе, зборат само....
Ова е само најава за еден импозантен личен потфат на фан на The Office, кој сака да покаже колку таа серија и она што се случува во неа е шпикувано со најразлични референци од културата. Културата лаконски дефинирана како "кумулираното знаење, уметност и обичаи на едно општество".
1.300 прегледувања на серијата, проверување со енциклопедии и ЕВЕ ГО САЈТОТ на кој можете да видите што сè би требало да ви е познато за она што го прават вработените во компанијата за продавање хартија во Скрентон ви биде интересно.
Хинт: Одберете година.