Што всушност е дигитална валута издадена од централна банка? Практично, кратовски купон бидејќи на таа валута може да се наметнуваат лимити и контроли што може да се купи а за што да не се користи (види: Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово)
Швајцарците ќе добијат шанса засекогаш да го задржат кешот, односно да се осигураат дека нивната економија никогаш нема да стане безготовинска.
Движењето за слободна Швајцарија собрало 110.000 потписи, и повеќе од доволни да се оди на референдум по тоа прашање. Сакаат во швајцарскиот закон да се додаде клаузула според која доволна количина банкноти и монети секогаш ќе мора да останат во оптек.
„Не само што укинувањето на кешот претставува закана за транспарентноста, едноставноста и безбедноста, туку и носи голема опасност од тоталитарен надзор од државата“, изјавил претседателот на движењето, Ричард Колер.
Готовината игра сè помала улога во многу економии, затоа што електронските плаќања стануваат сè почести во дигитализираните друштва, што пак на државите им олеснува да ги следат трансакциите на своите граѓани.
97% од Швајцарците сè уште чуваат пари во кеш, во новчаник или дома. Во Шведска само 9% плаќаат во готовина, а во САД со кеш се 60%
Швајцарските власти немаат против ваквата иницијатива и сметаат дека начинот на плаќање треба да остане право на личен избор.
*********
Види: