„Додека сите очи се вперени во Украина, околу нас се подигнува еден сеопфатен систем за контрола,“ пишува извесен Александрос Маринос и ги нуди следниве елементи за своето тврдење:
Прво, се работи на создавање пакт на највисоко ниво, на ниво на Светската здравствена организација. Деталите уште се разработуваат но и генералниот директор на СЗО го бутка тој обврзувачки договор по кој би се воведувале и санкции доколку за тоа постои двотретинско мнозинство. (повеќе овде и овде)
Следно, Џо Бајден потпишува извршна наредба да се „проучат ризиците“ на создавање криптовалута и почнува да се работи на крипто-долар. (повеќе)
Фајненшел тајмс информира дека криптовалута издадена од централна банка каква што би бил крипто-доларот ќе мора да биде базирана на дигитална идентификација, бидејќи банките веќе работат на принципот „познавај го твојот клиент“ и регулациите против перење пари. (повеќе)
Спомнатите регулации се чини дека не се баш најкорисни за нивната првенствена намена, ама затоа се многу добар механизам за контрола на граѓани кои го почитуваат законот (нишката за тоа - овде)
Што всушност е дигитална валута издадена од централна банка? Практично, кратовски купон бидејќи на таа валута може да се наметнуваат лимити и контроли што може да се купи а за што да не се користи (види: Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово)
Дека двојката држава-банки може без судски налог да владее лични пари заради нечии политички ставови, видовме во Канада (повеќе).
Во меѓувреме, се имплементираат вакцинални пасоши. И во ЕУ (повеќе) и во САД (повеќе).
Овие технологии се имплементираат во уреди кои секојдневно ги користиме, на пример телефон (повеќе), на пример часовник (повеќе).
Истовремено, ако мислевте дека вакцините против ковид беа развиени за чудесно кратко време, чекајте да ги видите вакцините за следната пандемија од кои се очекува да бидат готови за само 100 дена (повеќе).
Колку далеку сме од свет во кој се прогласува некоја пандемија и за само неколку месеци секој е обврзан да ги прифати и следи медицинските протоколи или во спротивно, да изгуби пристап до своите пари, па дури и да купи храна додека не послуша?
Во основа, не мора ни физички да се протестира (како во Канада) за да се изгубат основните права. Медиумите, технолошките гиганти и факт-чекерите се горди на меѓусебната соработка против „дезинформациите“.
За американската влада тоа не е доволно. Првиот човек на здравствениот сектор (номиниран од претседателот на САД и гласан во Сенатот) побара од големите платформи информации за големите извори на ковид дезинформации. Компаниите имаат рок до 2 мај да ги предадат податоците (повеќе).
„Како информатичар со стотина референци во мојот докторат и како претприемач во областа на технологија можам да ви кажам дека воведувањето таканаречени сингл точки на контрола значи сингл точки на неуспех. Тоа е токму она што се обидуваме да го избегнеме кога правиме архитектура на големи системи, бидејќи таквите решенија се закана за стабилноста и безбедноста на системот“, вели Александрос Маринос, изворот на оваа пренесена твитер нишка.
Додава дека не се работи за стандардното „левица против десница“.
„Конзервативци, либерали, прогресивци, популисти, сите тие го поместуваа системот во една насока: предавање поголема моќ за контролата на населението во рацете на бирократијата. Ги видовте нивните утки со ковидот, зошто на овие луѓе би им ја довериле контролата на иднината?“ прашува тој.