Лице: Дуле
Псевдоним: Коки
Соработникот Коки блиску соработува со лицето Коки кој е заведен како соработник Дуле. Сите обиди на странските служби да ги дешифрираат нивните вистински имиња досега се покажале како неуспешни.
Лице: Миленко Неделковски
Псевдоним: Саботко
Работи на самоиницијативно разбивање на странски центри на моќ со филијали во Македонија при што покажува особен интерес за работа на табла. Можни конфликти со соработникот Драматург. Сака патувања.
лице: Васко Ефтов
псевдоним: Упад
Задача на соработникот Упад е да ја разбива реченицата на домашниот непријател и на крај да му каже што тој всушност мисли. Успешен.
лице: Златко Калински
псевдоним: Неруда
Службите проценуваат дека најцелисходно е Неруда да биде маскиран во спортски коментатор.
лице: Никола Гелевски
псевдоним: Терсене
Особена склоност кон измислување алтернативни псевдоними со кои самиот завршува во кавга. Слаб капацитет за коалицирање.
лице: Трифун Костовски
псевдоним: Пеачот
"Пеачот"неколку години успешно беше притаен како градоначалник.
лице: Љубе Бошковски
псевдоним: Непроштено.
Службата го предлага овој псевдоним заради познатите навики на соработникот.
лице: Амди Бајрам
псевдоним: Иксо
Побитолчанет псевдоним на идолот на соработникот, Малком Икс.