- SpaceX на Илон Маск доби дозвола да лансира и да постави во орбита 1 милион сателити од планираната вселенска мрежа на центри за податоци Starmind.
- Моментално околу Земјата кружат близу 17.000 сателити, од кои 11.000 се од мрежата за комуникации Starlink на Маск.
- Според условите од лиценцата, првиот сателит од проектот Starmind мора да биде оперативен до 2033 година. До 2035 година треба да има 100.000 сателити, до 2038 година 500.000, а целата мрежа мора да биде оперативна до 25 ноември 2040 година.
- Сателитите „AI1“ со димензии од 75 на 30 метри ќе имаат просечна компјутерска моќност од 175 киловати. Ќе кружат на шест различни висини меѓу 500 и 1.002 километри, ќе разменуваат податоци преку оптички врски и ќе ги пренесуваат до Земјата користејќи го системот Starlink.
- Вселенските услови нудат поефикасно напојување на центрите со енергија. Соларните ќелии во синхрона орбита генерираат до осум пати повеќе струја отколку на Земјата.
- Сателитите и чиповите мора да издржат радијација, екстремни температури и удари од вселенски отпад и микрометеорити. Проблематично е ладењето, бидејќи на таа височина нема воздух што би ја презел топлината. Затоа сателитите ќе имаат радијатори со површина од 160 квадратни метри.
- Армијата на САД контролирано детонираше 68 буриња со 4,4 тони нестабилен оловен азид од фабрика за муниција во Ајова, исфрлајќи огромен токсичен облак од оловни честички што може да се прошират 160 километри на југозапад.
- Изложеноста на олово е сериозен здравствен ризик за оштетување на нервниот систем, особено за децата и бремените жени.
- Федералната агенција за управување со вонредни состојби препорача привремена евакуација на сите 400 жители од местото Мидлтаун и од зона од 8 километри југозападно од фабриката. Жителите во радиус од 30 километри добија препорака да не излегуваат на отворено, да ги затворат прозорците од домовите и да ги следат безбедносните упатства.
- Армиска инспекција во март откри дека оловниот азид делумно кристализирал, зголемувајќи го ризикот од ненадејна спонтана експлозија. Плановите за детонација беа одложени со пресуда на Окружен суд. Во случајот се вмеша и претседателот Трамп, кој ѝ нареди на Армијата да чека на одобрение од судот и од новоизбраниот гувернер на Ајова. Судот во понеделник ја дозволи детонацијата.
- Армијата соопшти дека презела мерки за ограничување на ширењето на оловна прашина. Поставила песочни бариери, гел блокови за ограничување на дисперзијата на честички и пенести бариери за апсорпција.
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави субвенциите да се зголемат за 10 денари, за сметка на изоставувањето на зелената нафта. Значи, наместо досегашните 80 денари, да се плаќаат сувенции по 90 денари за килограм. Сѐ уште не се знае дали тоа ќе важи од оваа година.
- Од 10, веќе осум откупни фирми го преземаат родот по цена од 435 денари за килограм, што значи квалитетниот род се цени во прва класа.
- Се откупува во прва класа по 435 денари за килограм.
- Министерот за здравство, Сашо Клековски, деновиве кажа дека просечен пушал дава многу пари за цигари, но не спомна дека и пушачот и непушачот во земјава даваат пари за субвенционирање на 26.000 тони тутун, на колку што се проценува годинашнава реколта.