Сосема сериозни медиуми на Запад и натаму си сакаат да пишуваат за "проклетството на Маите" според кое светот (as we know it) ќе рикне 10 дена пред завршување на 2012-та година.
Деили Меил го има виновникот: еден Германец кој го поседува камениот череп кој порано бил во сопственост на Химлер.
Се работи за историчарот Томас Ритер кој го добил черепот како подарок од семејство на британски војник кој учествувал во апсењето на првиот човек на Гестапо.
Черепот бил едно од омилените фетиши на Химлер кој верувал дека Маите создале 12 вакви парчиња и дека оној што ги поседува, може да го поседува и светот.
Не се знае точно како, ама Ритер (раце му се исушиле) го има испуштено драгоцениот череп кој поседува магично моќи и го има лупнато на под при што му се закршила вилицата.
И заради тоа Боговите ни се лути и ќе ни ја сјебат планетата. Зошто ќе чекаат до декември не е јасно.
оптимистичка варијанта: Крајот на светот одложен за 5.000 години